Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

Ана Ивановиќ е славеничка на денот

Српската тенисерка веќе подолго време е во фокусот и тоа не само кај љубителите на тенисот и спортските новинари, туку и кај луѓето што не се блиски до белиот спорт. Реномираните тениски магазини неколку години по ред ја бираат меѓу најубавите тенисерки на светот, а ние во оваа прилика ѝ го честитаме 28-от роденден.

Вејд погоди преку половина терен, Роуз одговори на критиките

Булси на девет минути пред крајот водеа 10 поени разлика, Минесота ги стигна на пет минути пред крајот, но во финишот мајстории правеше Дерик Роуз.

Скендерберг го прегази Спортинг Лисабон

Фудбалерите на Скендербег го направија најголемото изненадување во Лигата на Европа откако со убедливи 3:0 го понижија португалскиот гигант Спортинг. Близу пласман во 1/16 финалето се Лацио, Базел, Сент Етјен и Тотенхем.

Фалкао дава само убави голови

Еден од најдобрите футсал играчи, Бразилецот Фалкао направи нова магија, овојпат на мечот Бразил - Замбија.

Ватфорд има мултинационален тим, а Тотенхем најмлад

Рекордерот во Премиер лигата со играчи од различни земји во својот состав има фудбалери од Алжир, Австрија, Бразил, Камерун, Колумбија, Еквадор, Англија, Франција, Грција, Холандија, Италија, Мексико, Нигерија, Северна Ирска, Шкотска, Шпанија, Швајцарија и Уругвај.

Голманот кој се дебелее по слави и свадби се спрема за Гинис

Ненад има 130 кила и од него се претпоставува дека нема појак голман на вага. Соиграчите не го зезаат дека е дебел, бидејќи по нивните грешки во одбрана, тој го спасува голот. Вториот по дебелина во Република Српска треба да јаде уште многу леб за да го стигне.

Мајкл Џордан vs Стефон Кари

Плејмејкерот на Голден Стејт во првите 5 меча оваа сезона во НБА лигата успеа да постигне 179 поени. Прв во тој подвиг е легендата со 182 поени.

Харизмата на Буфон и германското невнимание

Во вторникот после мечот Менхенгладбах - Јувентус, Џиџи Буфон отишол под трибината кај навивачите на германскиот клуб, им ги подарил ракавиците, но за возврат не добил ништо по што сега се води полемика во Германија.

Делије и Бед Блу Бојс се најдоа во Атина

По тродневно барање по улиците на Атина, каде грчката полиција уапсила преку 100 навивачи на Олимпијакос, Динамо Загреб, Панатинаикос и Црвена звезда, Хрватите и Србите претпладнево се сретнале во близина на атинскиот аеродром по што избила голема тепачка.

Најдобро изработените слободни удари

Не дека не уживаме во денешно време во ударите на Пирло и Пјаниќ, а претходно и во слободните удари на Бекам, Жунињо и Михајловиќ, ама ова си има посебна убавина, иновативност и многу вежбање на тренинг. Цареви се дечкиве, нема што.

Што прави периодов Роналдињо?

По краткиот престој во Мексико, Роналдињо премина во Флуминенсе и со клубот од татковината потпиша договор до крајот на 2016. година. Сепак веќе на 29 септември 2015 година после 7 мечеви во составот, со клубот се договори да го раскинат договорот.

Дибек

Во првенството за мал фудбал во Западен Сибир, на мечот Курган - Вираж, гостинскиот фудбалер Сархан Микаилов ја замени улогата на најголемиот ривал на Попај морнарот.

Македонија потона уште седум места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација сега е на 139-та позиција на ранг листата на ФИФА, а нè поминаа земји како Чад, Јужен Судан и Казахстан.

Најдобрите 10 одбранбени двојки во Серија А во последните 30 години

По 11 минати кола Интер предводен од дефанзивното дуо Мурило – Миранда има најдобра одбрана со само 7 примени гола во италијанското првенство, каде низ годините играа едни од најсилните дефанзивци во светот.

ЕЛЕМ во турбулентен натпревар до победа над Македонски Телеком

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија МЕПСО ја наполни мрежата на АрцелорМиттал, а Лукоил победи убедливо против Гранит.

Најдобрите мустаќи во НБА

Од носење долга и густа брада, модата во НБА сега се мустаќите. По изборот на гледачите и навивачите, најдобри мустаќи во моментов носи Кевин Лав од Кливленд.

Сан Антонио загуби во последна секунда, Леброн го доби Мело

Капак на очајната шутерска вечер на Спарс стави Бил Бредли кој со тројка со звукот на сирената му нанесе нов овосезонски пораз на поранешниот шампион.

Најлошиот корнер во Лигата на шампионите

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Овен Харгривс кој работи како ко-коментатор на БТ спорт, го опиша Чави Алонсо како еден од најдобрите изведувачи на корнери, а за овој против Арсенал рече дека е најлош кој го видел во животот.

Голот со кој Вилијан го спаси Мурињо

Александар Драговиќ со автогол му донесе водство на Челси, а истиот фудбалер во 78 минута го замолчи Стемфорд Бриџ за 1:1. Со извонредниот погодок на Вилијан на 8 минути до крајот, Сините од Лондон конечно се израдуваа и останаа во игра за осминафинале во ЛШ. Во Премиер лига се 15-ти на табела.

Петарда во Минхен, пресврт на Олимпијакос во 90-та минута

Германската машинерија речиси го исфрли Арсенал кој има само теоретски шанси за осминафинале. Челси конечно победи, Рома и Баер Леверкузен повторно одиграа ефикасен меч, а Барселона и Порто ги оправдаа фаворитските улоги.

Спектакуларните 4:3 меѓу Манчестер и Реал

Не се ова Реал и Манчестер кои завчера едвај победија по 1:0 во ЛШ. Слушајте ја химната и гледајте кои се во составот на двете екипи, па ќе ви стане јасно зошто е убаво да се потсетиме на вакви видеа. Роналдо 0:1, Ван Нистелрој 1:1, Роналдо 1:2, Елгуера 2:2 (автогол), Роналдо 2:3, Бекам 3:3, Бекам 4:3. Уживање е видеово.

Убавата страна на руските стадиони

Тоа што во западните медиуми се озлогласени (со право или без) како извор на расизам, нетрпеливост и генерално хаос, не значи дека на руските стадиони не вирее ред, мир и убавина.

Јувентус и Интер играат највалкано во ЛШ, Баерн највнимателен

Судиите до сега им покажале вкупно 38 црвени картони на фудбалерите на Јуве и Интер во најелитното клупско натпреварување, а рекордни три исклучувања имало на четири средби.