Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Шпанскиот на Трент е топ

За пет месеци, Трент Александер Арнолд одлично го скоцкал шпанскиот јазик. На некои им се потребни години да научат туѓ јазик, а некои не ни учат. Ова е и дел од професионализмот на еден фудбалер. Со време почнал, за да биде спремен.

Историски пресврт во Копа Либертадорес, од 3-0 на првиот дуел до 4-0 на реваншот

Бразилски Палмеирас направи голем подвиг откако во реваншот од полуфиналето на познатата Копа Либертадорес го совладаа ЛДУ Кито од Еквадор со 4-0 и ја надоместија огромната негатива од три гола за пласман во големото финале.

Голoт на векот на Марадона се најде на монета издадена од Централна банка

Аргентина веќе не знае како да му се оддолжи на Диего Армандо Марадона (30 октомври 1960 - 25 ноември 2020).

Сан Антонио Спарс е на 5-0 за првпат во историјата

Носени од својот најдобар играч кој ја почна сезонаа во неверојатна форма, Сан Антонио Спарс синоќа ја продолжи победничката серија во НБА и славеше против Мајами Хит 107:101.

Требаше да наполни 65

Еден од најголемите генијалци со топка, според многумина број 1 во историјата на фудбалот, е роден на 30 октомври 1960. Толку е воведот. Вечно ќе се потсетуваме на него, со безброј јаки видеа.

Слободните удари на Грималдо се викаат пенали

Купишта фудбали имаше синоќа. Куп натпревари на ангро во Англија, Шпанија, Холандија, Португалија, Белгија. Имаше и во Германија, каде од еден опасен Шпанец, гратис донесен од Бенфика, им се тресат гаќите на голманите кога ќе застане да шутира од прекин.

Падна легендарно знаме на Торцида, го запалија во Винковци

Дуелот меѓу второлигашот Цибалија и Хајдук Сплит во рамки на хрватскиот Куп предизвикал огромно внимание. Полни трибини и голем број навивачи на двата тима. Во еден момент Торцида извадила помало знаме одземено од противничките навивачи а домашните Винковчани им одзеле на Торцидашите старо култно знаме „Торцида Брда“ кое набрзо и го запалиле.

Ѓоковиќ ужива на кошарка во Евролига

Новак Ѓоковиќ речиси и да нема пропуштено кошаркарски дуел од почетокот на сезоната во Евролига и најредовно до сега ги следа натпреварите на Црвена звезда и Олимпијакос, како и на Панатинаикос кога е во Атина.

Изјава за инцидентот во Штип во која не сакаме да веруваме

Два месеци по грдите сцени во Штип на младинскиот натпревар меѓу Брегалница и Шкупи, Основниот суд Штип го осуди Авни Абгулиј од Скопје на затворска казна од 11 месеци, за физички напад на двајца 15 годишни фудбалери.

Ливерпул во тешка криза - шести пораз на седум натпревари!

Во англискиот Лига Куп синоќа во 4. рунда се случи првото големо изненадување сезонава - Кристал Палас со 0-3 го разби Ливерпул на парчиња среде „Енфилд Роуд“. Ова уште повеќе ја продлабочи тешката криза на англискиот шампион кој не знае да стане од нокаутите.

Судија браво што им прекина контра

Во дербито на вечерта во англискиот Лига Куп, Њукасл го совлада Тотенхем со 2-0. Стрелци на головите Фабиан Шар во 24' и Ник Волтемаде во 50' минута. Пред крајот од дуелот Тотенхем тргна во брза контра но главниот судија им ја попречи. Капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш му аплаудираше на судијата.

Знаете ли некој друг вака да додава во НБА?

Зошто за Јокиќ велат дека игра со мозок? Па уште пред да дојде топката до него, знаеше кај да ја додаде. Забележете го добро како скенираше кој има напред, додека противничкиот играч шутираше тројка. А потоа се знае, рагби пас, во негов стил.

Нов ден, нов трипл-дабл на Јокиќ

Четврти натпревар на Денвер Нагетс сезонава, четврти трипл-дабл учинок на Никола Јокиќ. Ако и на следниот натпревар му успее, ќе биде прв во историјата со 5 од 5.

Лејкерс славеше со кош со сирената, Остин Ривс пак е јунак

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа уште една победа без нивниот најдобар тандем Леброн Џејмс - Лука Дончиќ кои се отсутни поради повреди. Остин Ривс игра во транс од стартот на сезоната, па по рекордните 51 поен против Сакраменто Кингс и 41 поен против Портланд, синоќа во победата на дуелот со Минесота Тимбервулвс имаше 28 поени од кои и кош во последна секунда за голема победа 116-115.

Аргентинска фешта во Копа Либертадорес

На легендарниот стадион „Президенте Перон“ во Авељанеда, предградието на Буенос Аирес, синоќа Расинг Клуб го пречека бразилски Фламенго во реваншот од полуфинале на Копа Либертадорес најважниот турнир во цела Јужна Америка. Повеќе од 50.000 навивачи на сино-белите направија шоу. Натпреварот заврши без голови а поради триумфот 1-0 на првиот дуел Фламенго оди во финале.

Ракометниот Ол стар спектакл во фотографии

Скопје беше домаќин на веројатно најславното ракометно друштво собрано на едно место. Микс на македонски, српски, хрватски, црногорски, шпански, руски...ѕвезди. Ќе се памети овој настан.

Падот на Јувентус: 380 милиони евра лоши инвестиции за три години

По оставката на Андреа Ањели на крајот од 2022 година, на тешката и одговорна функција дојде Џон Елкан. Но до пресвртница во клубот не дојде. Направи многу грешки, меѓу кои на трансфер пазарот, како и во изборот на тренери и раководни лица.

УЕФА објави кои се најпроблематични навивачи

Европската фудбалска куќа на фудбалот објави фер плеј ранкинг во одност на однесување на навивачи во европските натпреварувања. Најлоши и најпроблематични се Албанците, втори се хрватските навивачи, трети српските, четврти навивачи од БиХ, петти кипарските а шести турските.

Моментот кога НБА ѕвездата наводно манипулира за кладење

Бекот на Мајами, Тери Розир е под истрага за коцкарски шеми и манипулиции за обложување. Тој од 2023-та година е на мета на Даночната управа на САД (IRS).

Играше за Милан, Манчестер Сити и Реал Мадрид, сега игра во затвор

Некогаш славниот фудбалер кој имаше преку 100 настапи за Реал Мадрид и Милан и за двата клуба даде по 25 гола, освојуваше трофеи со Манчестер Сити и Сантос, забележа 100 настапи за Бразил со 28 гола, на крајот ја упропасти цела кариера со затворска казна на која беше осуден поради групно силување 23-годишна девојка од албанска националност во Италија.

Канте му се изнавика на судијата, веројатно за прв пат во кариера

Само еден коментар од Твитер е доволен за видеово: Колку лошо треба да биде нивото на судење во Саудиска Арабија за Н'Голо Канте, најмирољубивиот човек во историјата на фудбалот, да се налути и тоа на натпревар на кој води. Никогаш не сме го виделе вознемирен. Саудиските судии го скршија.

Владо за циркузите во турскиот фудбал

Врвниот фудбалски коментатор Владимир Новаковиќ ја објаснува шемата во турскиот фудбал: како и на кој начин си ги бришат долговите.