Нови два гола на Лионел Меси, игра во луда форма

Неколку недели откако замина во репрезентативна пензија, Меси продолжува да прави растур систем во дресот на Интер Мајами. Се издвои на чело на листата најдобри стрелци во САД.

Само сезонава, кралот на фудбалот има 25 гола и 12 асистенции на 27 натпревари за Интер Мајами. Интересно Меси има убави спомени од истиот стадион на кој играше синоќа зошто летово на истото место Аргентина ја совлада Англија после пресврт во историското полуфинале на Светско првенство а Лео имаше 2 асистенции.

Ова беа 935-ти и 936-ти гол на Аргентинецот во кариерата на 1.181 официјален натпревар. Има и 427 асистенции.

За Интер Мајами ова е трет триумф во серија, има вкупна гол-разлика од 9-1 со што сега се зацврсти на 2. место во Источната конференција со 55 освоени бода.

Откако направи дар-мар му кажа на одбранбен фудбалер на Атланта Јунајтед да продолжи да се врти:

18 октомври 2026 - 09:09