Моментот кога НБА ѕвездата наводно манипулира за кладење

Бекот на Мајами, Тери Розир е под истрага за коцкарски шеми и манипулиции за обложување. Тој од 2023-та година е на мета на Даночната управа на САД (IRS).

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Тери Розир беше дел од групата која била уапсена и приведена на разговор во опсежната акција на американската полиција.

Истата година во која наводно манипулирал со своите настапи во НБА во склоп на коцкарски шеми, против него Даночната управа на САД (IRS) поднела барање за наплата на даночен долг од повеќе од 8 милиони долари, пишува ЕСПН кој се повикува на судски записи од округот Брауард на Флорида.

Според тие списи, Даночната управа на САД во ноември 2023-та година поднел федерален даночен залог во износ од 8.218.211 долари на имотот на Тери Розир во округот каде што тој живее.

Даночниот адвокат од Мајами, Стивен Н. Клитснер вели дека таков залог се поднесува после повеќе опомени за неплатен долг за данок.

Кошаркарот на Мајами Тери Розир е обвине дека во март 2023. година на својот добар пријател Денир Ластер му кажал дека планира пред време да напушти одреден меч.

Ластер тие информации им ги продал на кладилничари за 100.000 долари.

Тери Розир на тој натпревар одиграл околу 9 минути и неколку секунди пред да излезе од терен поради повреда на стопалото.

Во обвинението стои дека Роизр му платил карта на Ластер до Филаделфија со цел овој да ги земе парите од шемата после што заедно се вратиле во куќата на НБА суперѕвездата за да ги пребројат парите. Двајцата се обвинети за завера поради компјутерски измами и перење пари а уапсени се во група од 34 други лица во рамки на две големи, опсежни сојузни истраги за коцкање.

НБА лигата по обвинението веднаш го суспендирала Тери Розир на неопределено време а тоа го стори и неговиот тим Мајами Хит.

НБА лигата во 2023-та година истражувала сомнителни пријави за уплати и кладења на типот „помалку“ што подразбира помалку кошеви, поени, асистенции, фаули и слично на одреден кошаркар на одреден натпревар.

https://x.com/LakeShowYo/status/1981327396772204988?ref_src=twsrc%5Etfw…

Комесарот на НБА Адам Силвер минатата недела изјави дека Розир „во целост соработувал со лигата“ и дека „е утврдено дека нема доволнод окази и покрај сомнителното однесување“.

29 октомври 2025 - 11:30