Ливерпул во тешка криза - шести пораз на седум натпревари!

Во англискиот Лига Куп синоќа во 4. рунда се случи првото големо изненадување сезонава - Кристал Палас со 0-3 го разби Ливерпул на парчиња среде „Енфилд Роуд“. Ова уште повеќе ја продлабочи тешката криза на англискиот шампион кој не знае да стане од нокаутите.

Кристал Палас ја започна и синоќа ја продолжи незапамтената криза на Ливерпул. На 27-ми септември сезонава тимот од Лондон со 2-1 го совлада првакот со гол на Нкетија во последните секунди од мечот во 90+7' минута од судиско продолжение.

После тоа Ливерпул изгуби од: Галатасарај (1-0) во Лига на шампиони, од Челси (2-1) во Премиер лига, од Манчестер Јунајтед (1-2) во Премиер лига, па го победи Ајнтрахт Франкфурт (1-5) на гости, па изгуби од Брентфорд (3-2) во Премиер лига и сега во Лига Куп од Кристал Палас (0-3) дома.

АРНЕ СЛОТ ЕКСПЕРИМЕНТИРАШЕ, ПРОБА СО МЛАД СОСТАВ АМА НИ ТОА НЕ МУ УСПЕА

Ливерпул синоќа излезе на терен со 17-годишниот Рио Нгумоа, со 18-годишниот Трем Ниони и со 18-годишниот Киран Морисон. Во напад играше резервистот Федерико Кјеза а ѕвездите не беа ниту на клупа.

Имаа црвените мала предност во посед на топка, имаа неколку шанси но пред крајот на првиот дел се им се распадна: во само четири минути примија два гола и приказната заврши.

Во 41' минута Даити Камада му асистираше на Исмаила Сар, а потоа Сенегалецот му додаде на Јереми Пино за 0-2.

Ова беше седми гол на 9 натпревари на Исмаила Сар против Ливерпул. Во 2020-та Сенегелаецот му го нанесе првиот пораз на Ливерпул под Јирген Клоп, а во август му помогна на Кристал Палас да му го земе Суперкупот на Англија на Ливерпул пред нос.

Арне Слот немаше што да понуди од клупа - таму исто беа млади играчи. Нововлезениот Амар Нало доби црвен картон а Пино во 88-ма минута стави крај на сите надежи - 0:3 на Енфилд Роуд.

ЗАНИМЛИВОСТИ:

- Ливерпул на два натпревари по ред прима по два гола во прв дел. Претходно од април месец немаше такво нешто а сега веќе два во само неколку дена.

- Кристал Палас забележа 3-та победа против Ливерпул сезонава. Прво во август им го земаа Суперкупот, после ја продолжија победничката серија во Премиер лига (1-2) и синоќа пак. А што е поневеројатно Палас ја забележа првата победа после пет натпревари по ред!

- Ливерпул има 6 порази на 7 натпревари. Во Премиер лига имаат четири порази по ред. Ниту една екипа во Топ5 лигите нема толку порази по ред од 27-ми септември.

ЛИВЕРПУЛ НЕМА ДА ГО ОТПУШТИ СЛОТ

Инсајдерот Фабрицио Романо пишува дека Ливерпул не планира да го смени Арне Слот во најскоро време. Управата и сопственици му веруваат во целост и се 100% сигурни дека холандскиот тренер ќе ја извади екипата од криза.

Играчите, тренерот и управата се во добри односи и наводно се е под контрола.

ДРУГИ НЕОБИЧНИ РЕЗУЛТАТИ

Челси славеше 4-3 против Вулверхемптон на гости. Стана екипа со најмлади четворица стрелци по 19, 20 и 21 година во историјата на англискиот фудбал.

Њукасл го совлада Тотенхем 2-0, Арсенал со ист резултат беше подобар од Брајтон а Манчестер Сити после пресврт 1-3 го доби Свонси.

30 октомври 2025 - 09:46