Ѓоковиќ ужива на кошарка во Евролига

Новак Ѓоковиќ речиси и да нема пропуштено кошаркарски дуел од почетокот на сезоната во Евролига и најредовно до сега ги следа натпреварите на Црвена звезда и Олимпијакос, како и на Панатинаикос кога е во Атина.

Новак Ѓоковиќ се декларира како голем навивач на Црвена звезда која редовно ја бодри во белградска „Арена“. Откако реши да се пресели со семејството во Атина, и таму ги гледа грчките гиганти Олимпијакос и Панатинаикос.

Но навивачите на Панатинаикос во вторникот го исвиркале за време на натпреварот со Макаби Тел Авив кога режија го дал на видео бим зошто тој е голем навивач на нивните ривали. А синоќа на дуелот Олимпијакос - Монако бил пречекан со големи овации и аплаузи.

30 октомври 2025 - 11:42