Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Шесте чекори на Јанис Адетокумбо

Милвоки Бакс со 121-111 го совлада Њујорк Никс. Јанис Адетокумбо постигна 37 поени, 8 скока и имаше 7 асистенции, а имаше и еден продор со шест чекори. Судиите ништо не видоа.

Во наше време ова се викаше „Ама му ја ѕвизна кроз уши“

Аталанта и Милан одиграа 1:1 во 9. коло од Серија А. Отвори Ричи во 4-та, затвори Лукман во 35-та минута, со душмански удар на кој Мењан реагираше како споменик. Ништо не може да и се прави на таа топка, па макар на гол биле заедно Кан, Буфон и Јашин.

Мењан со пантерска парада го спаси Милан

Аталанта и Милан одиграа супер натпревар во меѓу неделното коло, ремизираа 1-1. Милан поведе рано во 4' минута преку Самуеле Ричи, а Аталанта израмни преку Адемола Лукман во 35-та минута. Мајк Мењан го спасуваше Милан со луди паради.

Против кого сè Кристијано Роналдо давал голови?

Изминатиот викенд најдобриот стрелец во историјата на фудбалот Кристијано Роналдо стигна до јубилејниот 950. гол на официјални натпревари во клупски и репрезентативен фудбал. Тој изјави дека му е сон и намера да стигне до златни 1.000 голови во кариерата. Давал против екипи и селекции од Андора преку Австралија до Африка и Русија.

Елиминација за Алкараз во Париз уште на прв натпревар

Пукна сензација на самиот старт на Мастерсот во Париз. Камерон Нори го шутна светскиот рекет број 1 со пресврт.

Страшен гол во Аргентина, голманот запрепастен

Родриго Инсуа од Баракас Сентрал постигна неверојатно голчиште на дуел против Бока Јуниорс во аргентинската Пример дивизион. Бока славеше 1-3 на крајот но погодокот на Родриго Инсуа веќе е ставен меѓу кандидатите за најбуав погодок на сезоната. Домаќините од 14-та минута играле со играч помалку по црвениот на Иван Тапија.

Најдобриот фудбалер според Мурињо

Погледнете со каква емоција и сериозност во неговиот лик, некаде на средина од видеото, само ќе го потврди тоа што го мисли за прашањето од насловот. Истакнувајќи го природниот талент кој го поседуваше, но тоа пусто колено му ја скрати кариерата.

И со изведувањето аут се претера

Треба да им се каже на фудбалериве, дека фудбал и гимнастика се два различни спортови, кои немаат баш допирна точка.

Миленко за Панчев и Попов: Мрсомудачи, неработници, северџани

Првиот човек на ФК Вардар, повторно ги нападна Горан Попов и Дарко Панчев. Првиот пат на подкаст, овој пат на Фејсбук. Причината е што беа на листата на луѓе на кои клубот им должеше плати за време на кризата со Самсоненко. Неделковски ги смета за виновници поради кои беше блокираната сметката на црвено црните.

Дани Алвеш проповеда во евангелистичка црква во Џирона

Даниел Дани Алвеш, еден од двајцата (со Меси) најтрофејни фудбалери на сите времиња беше осуден и лежеше затвор за силување на девојка во ноќен клуб во Барселона. Бразилецот помина неколку години зад решетки а сега кога конечно е на слобода, се посветил на служба во Евангелистичката црква „Иглесиа Елим“ во шпанскиот град Џирона во Каталонија.

Мика Муринен почна со забивања

Атрактивниот Финец кој се прослави на Европското со силни забивања, Мика Муринен (18) летово ги изненади сите откако реши да дојде и да игра во Партизан. Кај големиот Жељко Обрадовиќ. Ама тренерот на црно-белите му дава малку шанса што е сосема очекувано ако се знае дека Финецот е уште неискусен и дека треба уште многу да се кали. Добива по некоја минута и веќе почна со куцања.

Малерозниот Кевин Де Брујне трет пат се повредува против Интер

Белгиецот кој за кратко време стана лидер на неговиот нов тим Наполи, само што влезе во форма и ритам, се повреди и ќе отсуствува најмалку до февруари, соопшти Наполи. Тој за време на дуелот со Интер кој Наполитанците го добија 3-1 постигна гол од пенал, но веднаш по изведениот пенал се пожали на болка во задната ложа.

Луда турска акција

Фенербахче го совлада Газиантеп на гости со 0:4. Едерсон за малку ќе направеше асистенција од гол на гол, арно ама од спротивната страна имаше дефанзивна реакција во стилот на Фабио Канаваро.

Мајсторијата на Сони избрана за најубав гол на сезоната во МЛС

Најдобриот корејски фудбалер во историјата, Сон Хин Мин после 445 натпревари, 173 гола и освоен пехар во Лига Европа, го напушти Тотенхем како голема клупска легенда. Отиде во САД, потпиша со Лос Анџелес. Таму исто издоминира. Го заскаа веднаш навивачите и им стана најомилен играч. На 23-ти август постигна гол од слободен удар против Далас кој е прогласен за најубав на сезоната во МЛС лигата.

Што да кажеш а да не го навредиш?

Драјмонд Грин е еден од најтрофејните кошаркари во историјата на НБА. Има 35 години, со Голден Стејт Вориорс освои 4 шампионски титули, беше биран за најдобар одбранбен играч, има 4 Ол-Стар настапи. Ама има и нешто чудно во него да прави глупости на и надвор од терен. Синоќа во победата на Голден Стејт против Мемфис Гризлис откако Санти Алдама промаши слободни фрлања по груб фаул на Грин, еве како се глупираше:

Англиски фудбалски хумор

Не се живи ако не фатат да тераат мајтап со некој редар, линиски судија, делегат или противнички навивач или играч. Сега навивачите на Лејтон Ориент кога биле на гостување во Ротерам, се мајтапеле со редарот кој носел копачки. „Ставете го да игра!“, „Он ви е најдобар играч“, „Ништо без него“ биле само дел од скандирањата за редарот.

Македонска дива лига во 8 секунди

Гледачи качени на брдо со расфрлани флаши и лименки. Еден пцуе ко кочијаш. Голманот се витка и офка од болки на земја. Ова е снимка од 8 секунди од мечот меѓу Беса и Аеродром во третата македонска лига, одигран во село Слупчане. Кој знае уште што не гледаме. Епилог: Домаќините загубиле 2:1, гостинскиот голман завршил во болница.

Невиден старт во НБА, секоја вечер некој има 50+ поени

Гледачите во „Делта Центарот“ во Јута синоќа беа сведоци на право шоу. Најдобриот фински кошаркар во историјата постави свој личен рекорд на кариерата и влезе на вечната листа на кошаркари (96) во НБА кои дале повеќе од 50+ поени. А претходниве вечери пет кошаркари остварија поентерски рекорди.

Трипл-дабл број 3 на Јокиќ, 43 поени на Мареј

Ниту е свесен што прави, ниту знае поинаку. Доминацијата на Никола Јокиќ на стартот од новата сезона вели, три од три трипл-дабли. Само на уште двајца во историјата им успеало.

Голман, друг пат подобро тргни се на вакви удари

Фиорентина - Болоња 2:2. Резултатот го отворија гостите со удар на Сандро Кастро за кој нема чаре и тројца да застанат на гол. Душмански му ја заби. Ќе ја дупнеше топката.

Ама му легна, цела клупа се држеше за глава

Извесен Дантон Логи Лудвиксон, ептен си го направи ќеифот овој викенд во првата лига во Исланд. Соиграчите од клупа воодушевени.

Машала машала, 371 фудбалски судии имаат сметки за обложување

„Кога се користи оружје, честа е расипана“, вели првиот човек на турскиот фудбал, кој излезе со фрапантни бројки за игратата која ја валкаат, токму оние кои треба да ја држат чиста.

Двајца редари ќе настрадаа на сред трка на Формула 1

На трката за Големата награда на Мексико Сити, двајца редари истрчаа на сред патека. Близу до нив брзо возел Лиам Лосон од Рејсинг Булс кој бил шокиран кога ги видел редарите како претрчуваат. 23-годишниот веднаш се јавил преку радио-врска до тимот: „Вие ме зафркавате!? Го видовте ли ова?! Можев... да ги убијам“, рекол Лосон.

Затворска казна од 11 месеци за родителот кој тепаше деца на ФК Брегалница

Два месеци по грдите сцени во Штип во младинскиот фудбал, доаѓаат убави вести. За памет нека е.