Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Леброн го нема, Дончиќ го нема, ама Ривс даде 51 поен и влезе во легендата

Во отсуство на двајцата најдобри играчи Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Остин Ривс одигра чудесна партија за Лејкерс и им донесе победа против Сакраменто Кингс 127 - 120. Ривс постигна неверојатни 51 поен со 11 скока и 9 асистенции.

Соло на Милан Илоски со убава завршница

Американецот со македонско потекло игра одлично во САД. Филаделфија го совлада Чикаго со 4:2 на пенали, после 2:2 во регуларниот дел, а Милан даде два гола, еден во пенал серијата и еден од игра кој вреди да се погледне.

Ненормални потези на Вембанјама

Сан Антонио Спарс игра фантастично и ваков старт на сезона во НБА немале долго време. Три натпревари - три победи. Синоќа со 118-107 го згромија Бруклин Нетс. Виктор Вембанјама правеше чуда на паркетот. Постигна 31 поен со 14 скока а имаше и неколку блескави рампи.

Кај го погоди баш во глава?

По завршувањето на големото Ел Класико кое заслужено го доби Реал Мадрид 2-1 против Барселона, на теренот имаше голема гужва. Некои играчи на домаќинот тргнаа да се пресметаат со младиот Ламин Јамал кој имаше неумесни зборови на сметка на Реал и пред дербито кажа дека крадат и се жалат. А еден гледач на трибините снимил и една смешна епизода:

Тројца фудбалери на Реал Мадрид му се пуштија на Ламин Јамал

Младата суперѕвезда на Барселона, 18-годишниот Ламин Јамал пред големото дерби Ел Класико имаше коментар во една емисија дека „Реал Мадрид ај што краде, туку и се жали“ со што фрли бензин во оганот пред дербито. По триумфот на Реал 2-1, Карвахал, Куртоа и Винисиус му се пуштија на Ламин да се пресметаат со него, но соиграчите ги смируваа.

Срамниот испад на Винисиус на дербито Реал - Барселона

Килијан Мбапе и Џуд Белингем постигнаа по гол за голем триумф на Реал Мадрид над омразениот ривал Барселона 2-1. Бразилецот Винисиус одигра добар натпревар но во 71' минута тренерот Чаби Алонсо го извади од игра. Кога Бразилецот сфати дека тој излегува од игра почна да гестикулира со раце, да пцуе и не се ни поздрави со тренерот Алонсо. Отиде директно во соблекувална и не го догледал натпреварот.

Реал Мадрид - Барселона 2:1

Со головите на Килијан Мбапе во 22' минута и Џуд Белингем во 43-та, Реал Мадрид го победи најголемиот ривал Барселона 2-1 (Фермин Лопез во 38-ма стрелец за Каталонците). По триумфот во напнатото и тензично Ел класико, Реал сега на Барса и бега 5 бода. „Кралевите“ имаат 27 бода а Барселона 22. Трет е Виљареал со 20 бода.

Фантастичниот гол на Скот Мектонимеј против Интер

Шкотланѓанецот Мектоминеј (28) пар сезони беше клучен резервист кај Манчестер Јунајтед и при секое многу влегувања во игра знаеше да постигне гол. Поради слаба минутажа дојде во Наполи. Во првата сезона им донесе шампионско скудето, беше главен играч и меѓу првите стрелци. Сега и сезонава е лидер на екипата. Синоќа во убедлив триумф 3-1 над Интер постигна прекрасен гол! Наполи е прв на табела во Серија А со 18 бода.

Нов гол на Кристијано Роналдо, се приближува до сонот за 1.000 голови

Тимот на Роналдо, Ал Наср има максимален учинок и 6 победи после 6 кола во саудиската Про лига. Имаат 21 даден гол и само 2 примени. Имаат 18 бода благодарение на новајлијата Жоао Феликс кој веќе стигна до 9 гола и Кристијано Роналдо кој само во првенството има 6. Синоќа и двајцата дадоа по еден во победата 0-2 над Ал Хазм. Кристијано го постигна 950-от гол во професионален фудбал. Целта му е да стигне до 1.000 погодоци.

Џејми Варди го даде првиот гол за Кремонезе

На четвртиот натпревар за неговиот нов клуб, новиот италијански прволигаш Кремонезе, 38-годишниот легендарен шпиц Џејми Варди го постигна првиот свој гол. И тоа за 1-0 против силната Аталанта во 78' минута. Гостите израмниле во 84-та минута за конечни 1-1.

Втор меч, втор трипл дабл на Јокиќ кој не знае поинаку

Расел Вестбрук, Меџик Џонсон, Џери Лукас и Оскар Робертсон успеале да отворат сезона со трипл дабл на првите два меча. Сега во нивно друштво е и Никола Јокиќ, кој историјата ја запиша со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции на мечот против Феникс кој Нагетски го добија со 133-111. 166-ти трипл дабл во кариерата, од кои 69 му се пред да почне последна четвртина.

Потег за на Ол стар: Цепелин со пируета на Гордон и Јокиќ

Денвер славеше убедливо против Феникс со 133:111. Арон Гордон сака да ви покаже нешто, на асистенција на Јокиќ.

Историски старт на Дончиќ со 93 поени, 23 скока и 17 асистенции на два меча

Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА историјата кој ја отворил сезоната со два натпревари по ред од 40+ поени, 10+ скока и 5+ асистенции. Влезе во друштво на само четворица кои успеале да постигнат 40+ поени во првите два меча од сезоната. Другите се Ентони Дејвис (2016-17), Мајкл Џордан (1986-87) и Вилт Чемберлен (1961-62; 1962-63).

Хулигански хаос во Црна Гора

Црногорска втора лига или не се знае кој јаде, кој плаќа. Навивачите на Сутјеска ги напаѓаат навивачите на Беране со стапови.

Си беше еднаш еден Палермо

Да беше Ѕампарини жив, па да раскажува што сè имаше во Палермо од играчи и какви кариери направија потоа.

Стар, ама врвен коментаторски бисер

Сампдорија - Удинезе, Куп на Италија. Спортклуб со старото лого. Со кариерата на коментаторот не знаеме што се случува.

Дино Раѓа го даде најпрецизниот опис за Шек

Легендарниот хрватски центар кој играше за Бостон (1993-1997), најдиректно и најточно ја опиша најдоминантната кошаркарска фигура, против која никој не го најде лекот во НБА.

Ламин Јамал: „Реал краде, а се жали“

Во Шпанија некогашниот капитен на Барселона Жерар Пике пред неколку години основаше фудбалски турнир за 7 на 7 кој се игра на светско ниво. Играат разни играчи а главна тема на муабет била екипа извесна како Лос Порсинос (Прасињата). Гостин на еден онлајн стриминг муабет бил и Ламин Јамал кој очигледно уште е незрел за јавни настапи. Пред големото Ел класико меѓу Реал и Барселона во недела од 16:15, водителот го прашал Ламин дали Лос Порсерос се како Реал Мадрид? „Да, крадат, лажат, а се жалат“, рекол Јамал.

Со шпиц ја акна бе, сељачката?

Јанг Бојс го добија Лудогорец со 3:2 во Лига Европа. Гостите го поставија конечниот резултат со голчиште во 92 минута преку Иван Јорданов. Ама ја дувна братот.

Сведоштво на битолчанец за најголемата тепачка во историјата на југословенскиот ракомет

Спортска сала Младост, октомври 1988-ма. Трибините полни до даска со 7.000 гледачи. Чад од цигари, голема страст, врвен ракомет, дерби натпревар со Пелистер предводен од Пепи Манасков против Металопластика со Веселин Вујовиќ како првак на Европа. Натпреварот заврши на 2 секунди до крај, а еден ракометар доби доживотна забрана за играње ракомет.

Познати НБА тренери и кошаркари уапсени во САД, Чонси Билапс се кладел и местел

Американската федерална служба ФБИ во голема и опширна акција во САД го уапсила познатиот легендарен кошаркар и актуелен тренер на Портланд Трејл Блејзерс Чонси Билапс и кошаркарот на Мајами Тери Розиер за два одвоени предмети за нелегално обложување на разни натпревари. Приведени се 30-ина други лица.

Како изгледа еден обичен ден на Ерлинг Халанд?

Најдобриот напаѓач на денешницата, младиот Норвежанец Ерлинг Халанд од Манчестер Сити сезонава веќе има 15 гола на 11 натпревари. 11 погодоци има на 8 средби во Премиер лига и е убедливо прв на листа на стрелци, а во Лига на шампиони има 4 гола на 3 дуели. Еве како изгледа еден обичен ден во неговиот дом.

Ненормалниот настап и 10-те тројки на Арон Гордон

Крилниот центар на Денвер Нагетс Арон Гордон постави свој личен рекорд и еден од рекордите на франшизата од Колорадо, откако синоќа против Голден Стејт Вориорс постигна 50 поени! Уфрли 10 тројки од 11 обиди, нешто што ретко се забележува дури и во НБА.

Топ 5 НБА потези на вечерта

Почна НБА, со тоа и најпопуларното кошаркарско шоу кое стандардно ќе биде спакувано во видео со најатрактивни поени, асистенции, банани. Во првото за оваа сезона, главен е Кари.