Ненормални потези на Вембанјама

Сан Антонио Спарс игра фантастично и ваков старт на сезона во НБА немале долго време. Три натпревари - три победи. Синоќа со 118-107 го згромија Бруклин Нетс. Виктор Вембанјама правеше чуда на паркетот. Постигна 31 поен со 14 скока а имаше и неколку блескави рампи.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Пазете го податоков: На првите 3 натпревари сезонава Виктор Вембанјама има 40 поени, 3 блокади против Далас Маверикс, 29 поени и 9 блокади против Њу Орлеанс Пеликанс и 31 поен и 6 блокади против Бруклин Нетс. ој стана прв кошаркар во историјата на НБА кој собрал над 100+ поени и 15+ блокади на првите три дуели во сезоната. 

27 октомври 2025 - 09:34