Срамниот испад на Винисиус на дербито Реал - Барселона
Килијан Мбапе и Џуд Белингем постигнаа по гол за голем триумф на Реал Мадрид над омразениот ривал Барселона 2-1. Бразилецот Винисиус одигра добар натпревар но во 71' минута тренерот Чаби Алонсо го извади од игра. Кога Бразилецот сфати дека тој излегува од игра почна да гестикулира со раце, да пцуе и не се ни поздрави со тренерот Алонсо. Отиде директно во соблекувална и не го догледал натпреварот.