Реал Мадрид - Барселона 2:1

Со головите на Килијан Мбапе во 22' минута и Џуд Белингем во 43-та, Реал Мадрид го победи најголемиот ривал Барселона 2-1 (Фермин Лопез во 38-ма стрелец за Каталонците). По триумфот во напнатото и тензично Ел класико, Реал сега на Барса и бега 5 бода. „Кралевите“ имаат 27 бода а Барселона 22. Трет е Виљареал со 20 бода.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Интересно сите голови паднаа во првиот дел. Реал Мадрид конечно ја совлада Барселона откако ги изгуби сите четири дерби дуели минатата сезона и прими рекордни 16 гола на тие четири средби.

Ова беше 106. триумф на „кралевите“ во Ел класико а Барселона има 104.

Натпреварот уште на стартот почна динамично па Реал доби пенал во 3' минута по старт на Ламин Јамал над Винисиус во шеснаесетникот на Барселона. Но судијата по гледање ВАР снимка, ја поништи одлуката.

Набрзо Мбапе постигна гол но му беше поништен поради офсајд.

Французнот конечно во 22' минута ја затресе мрежата на Барселона и стана само трет играч во историјата на Ел класико кој постигнувал најмалку по гол на четири нивни меѓусебни дуели по ред.

Претходно Роналдињо на четири Ел класика по ред даваше најмалку по гол од 2004 до 2006 (четири натпревари, пет гола) и Кристијано Роналдо во 2012 (шест Ел Класика во една сезона, 7 гола на Португалецот).

Ова беше 12-ти сезонски гол на Мбапе а шести против Барселона во Ел Класико.

Во 38' минута Фермин Лопез на аситенција на Маркус Рашфорд го израмни резултатот на 1-1:

Но радоста на Барселона траеше само четири минути затоа што по центаршутот на Винисиус, Милитао му ја спушти идеално топката со глава на Џуд Белингем а овој лесно даде гол за 2-1:

Реал во вториот дел доби и пенал во 51' минута откако Ерик Гарсија играше со рака. Мбапе се намести да го изведе пеналот, шутираше силно но Војчех Шченшни му одбрани.

До крајот резултатот остана ист. Ова е 9-та победа на Реал Мадрид во 10 првенствени кола и сега е прв на табела со солидна предност од 5 бода.

Тројца фудбалери на Реал Мадрид му се пуштија на Ламин Јамал

Срамниот испад на Винисиус на дербито Реал - Барселона

27 октомври 2025 - 08:32