Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Дарко направи шоу по првата победа на Торонто Репторс

Четириесет и шест годишниот српски тренер од Чачак (таму е роден и Жељко Обрадовиќ), веќе трета сезона го води Торонто Репторс. Новата сезона во НБА тимот од Канада ја отвори со убедлив триумф 138-118 против Атланта Хокс на гости. Рајаковиќ лудуваше во соблекувална, а играчите вриштеа од смеа.

Блесок на Шеј Гилџус Александер со рекордни 55 поени во кариерата

Силен старт на НБА ѕвездите во првите две ноќи. Уште незагреани растурија. Шенгун 39 поени, Дончиќ 43, Јанис 37, Едвардс 41, Вембанјама 40, Кари 42, Гордон 50. Шеј Гилџус Александер експлодираше со 55 поени против Индијана Пејсерс, за триумф на Оклахома од 141-135, во реприза на финалето од минатата сезона. Ланскиот МВП имаше и 8 скока и 5 асистенции. 90 поени има по првите два меча.

Во пензија оди одморен со 11 трофеи за 2 меча во 6 години и милиони на сметка

Скот Карсон го напушта Манчестер Сити и фудбалот. Да не знаеш дали да му се дивиш или да го жалиш. Ма какво жалење. Вие би се жалеле ако ве стават да гледате фудбал, а за тоа неделно да ви плаќаат по 30.000 фунти?

Најголем срам во историјата на полскиот фудбал: Лех Познањ изгуби од екипа од Гибралтар

Малку или скоро воопшто непознатиот состав од Гибралтар, екипата на Линколн Ред Импс синоќа во Конференциска Лига со 2-1 го победи големиот полски клуб и повеќекратен шампион на оваа земја Лех Познањ со 2-1. Ова е историска победа на екипа од Гибралтар кој сега напредува на УЕФА листата за клупски коефицент.

50 поени за Гордон, трипл-дабл за Јокиќ, ама Кари не е нормален

Во неверојатно драматичен натпревар, Голден Стејт Вориорс го одбрани домашниот терен откако го совлада Денвер Нагетс после продолженија 137:131. Арон Гордон имаше личен рекорд со историски настап од 50 поени од кои 10 погодени шута за три поени, Јокиќ доминираше со трипл-дабл но на крајот Стеф Кари пресуди со лудите тројки.

Реал урнат со кош во последни секунди

Несреќниот пораз на Макаби Тел Авив од Олимпијакос во минатото коло кога водеа +15 разлика на неколку минути до крај па изгубија, сега им се врати со победа против Реал Мадрид. Израелскиот тим игра во Белград, а таму во салата „Александар Николиќ“ со тројка на Тамир Блат на неколку секунди пред крај го победија Реал Мадрид 92-91.

Две минутно шоу со незапирливиот Виктор кој експлодираше под кош

Бомбастичен старт во новата НБА сезона на Виктор Вембанјама, кој постигна скоро една третина од поените на Сан Антонио, кој го совлада Далас со 125:92. Французинот блесна со 40 поени, 15 скока и 3 блокади. Уживајте го компилацијата. Ги извитка обрачите.

Превара на вечерта

Спортинг Лисабон ја забележа и втората победа во Лига на шампиони, откако синоќа после пресврт со 2-1 го победија Марсеј кој водеше долго време. Португалците славеа со играч повеќе од 45+2' минута откако Емерсон Палмиери доби директен црвен картон кај Марсеј. Во финишот црвен доби и Максимилијан Араухо по една срамна глума на стоперот Бенжамин Павар. Главниот судија набрзо му го поништи црвениот откако гледаше ВАР.

Голгетерскиот податок на Хари Кејн со кој не можат ни Меси и Роналдо

Далеку сме од средина на сезоната, а Хари Кејн веќе има фасцинантна бројка од 20 гола по само 12 одиграни натпревари сезонава. Никој не успеал да дојде толку брзо до таков учинок. На Роналдо му биле потребни 13 меча, а на Меси 17.

Играј го Ајнтрахт точен резултат 5:1

Три натпревари по ред во Лига на шампиони, германскиот претставник ги игра со резултат 1-5 или 5-1. На 18-ти септември дома го совладаа Галатасарај со 5-1. На 30-ти септември изгубија од Атлетико Мадрид 5-1. На 22-ри октомври изгубија 1-5 од Ливерпул. На три натпревари гол разлика 7:11.

Панчев: Камо среќа никој да не ја пее химната, а да бидеме стално први

На критиките на социјалните мрежи, за тоа што македонските репрезентативци со албанска националноста, молчат за време на македонската химна, Горан Попов и Дарко Панчев се едногласни: Јавноста не треба да се оптоварува на таа тема, важен е успехот и давањето максимум на терен.

Апсолутна доминација на Ливерпул и Челси, им дадоа 10 гола на Ајнтрахт и Ајакс

Во европскиот класик, Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-0 го совлада Јувентус со голот на Џуд Белингем кој во 57-ма минута го скрши бедемот на гостите. Англиските клубови ја продолжија доминацијата од вторникот кога славеа Арсенал, Њукасл и Манчестер Сити, па вечерва продолжија Челси и Ливерпул.

Да видиш како се слави шампионска титула во Шведска

Убавата бајка која стигна од Шведска каде малиот клуб Мјалби од рибарско место со околу 1.500 жители ја освои шампионската титула пред гиганти како Гетеборг, Малме и други, е најинспиративна приказна есенва во Европа. Ги пречекаа со трактори.

Како Јонуз дриблал скаути пред трансферот на Попов во Динамо Киев

Гостин во подкастот Пресинг е Горан Попов, човекот со страшна левица кој има 46 настапи и 2 гола за репрезентација, а кариерата ја заврши во Вардар каде освои три титули и беше дел од историскиот успех во Лига Европа. Раскажува за блискоста со Шевченко на кој му дал број од Пандев за да го поврзе со ФФМ, за разговорот со Лукаку во Мериот по дуелот со Македонија, со кој инаку играше заедно во ВБА.

Кои се најдобрите светски фудбалски школи? Бенфика е на врвот, Динамо во Топ10

Фудбалската опсерваторија (CIES) од Швајцарија веќе неколку години важи за мошне сериозна доверлива институција за бројни анализи на светските фудбалски текови. И редовно објавува нови занимливи податоци.

Илија малер на колото

Да ти каже некој да опишеш малер на колото, прво треба да ти текне на украинскиот стопер од ПСЖ Илија Забарњи. Има среќа што неговите на крај славеа рекордна победа од 2:7 на гостувања во Лига на шампиони, против Баер Леверкузен. Илија скриви два пенали од кои едниот го промаши домашниот бек Грималдо а во 37-ма минута доби и црвен картон. По негова среќа црвен во 33' минута доби и противничкиот фудбалер Андрик па се играше 10 на 10 до крајот .

Со спортот до посилна заедница - улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

За Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, инвестицијата во спортот е влог во човечкиот капитал, во здравјето на идните генерации и во заедницата во целина.

Џордан на прашањето дали уште е вљубен во кошарката

Мајкл Џордан во емисијата „Инсајт ту Екселенс“ кај водителот Мајк Тирико зборувал за кошарката. Тој е еден од ретките ако не и единствените кој повеќе од 20 години после блескавата кариера се повлече од јавниот живот и направи јасна разлика меѓу бизнисот и приватниот живот.

Фантастичен старт на Шенгун на отворањето на НБА против актуелните шампиони

Стартуваше новата сезона од американското кошаркарско шоу со две средби. Голден Стејт славеше против Лејкерси, а Хјустон ја доби Оклахома во продолженија со 125:124. Кај поразениот тим најпрецизен беше ланскиот МВП Шеј Гилџус Александер кој постигна 35 поени. Man of the match Алперен Шенгун со 39 поени, 11 скока и 7 асистенции.

Лука Дончиќ ја отвори сезоната како Коби Брајант на времето

На стартот на новата сезона во НБА отворија Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ блескаше со 43 поени (17/27), 12 скока, 9 асистенции, две украдени топки и три изгуени топки. Но тоа не беше доволно за Лејкерс затоа што воините славеа 119:109. Дончиќ стана само прв играч после Коби Брајант уште од 2007-ма година кој ја отворил сезоната со 40+ поени.

Невозможното промашување на бисерот на Интер

20-годишниот корпулентен шпиц на Интер и најголема надеж на италијанскиот фудбал, Франческо Пио Еспозито ја користи секоја шанса што ја добива од тренерот Кристијан Киву. Има 2 гола и 1 асистенција за нераѕурите. Синоќа Интер победи убедливо 0-4 против Унион Ројал. Стрелци Дамфрис, Лаутаро Мартинез, Чаланоглу од пенал и Пио Еспозито. А гледајте и што промаши младиот центарфор сам пред гол.

Во кошарка ова се вика банана

Алжирецот Рами Бенсебаини сака да ви покаже еден пример за чист, точен и презицен клизач на дуелот Борусија - Копенхаген 2:4. Перфектно одиграно.

Неверојатна асистенција со рака на Поуп од 60 метри

Њукасл ја совлада Бенфика на Мурињо со 3:0 и тоа беше една од најнеефикасните победи во синоќешната луда голгетерска ноќ од ЛШ. Асистираше голманот на Њукасл кој со рака го префрли пола терен и нешто повеќе, а стрелаше Харви Барнс. Ник Поуп стана втор англиски голман во историјата на ЛШ, кој успеал да запише асистенција.