Offside

Стартува Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Македонија ќе ја претставуваат рекордни 181 спортисти во сите спортови.

Најсрамната насловна страница за човекот кој испиша историја во Реал

Од Ди Стефано, Раул, Касиљас, Јеро, Зидан, Фиго, Роналдо, Карлос, па сè до Кристијано Роналдо, Рамос, Бензема. Никој во 122 годишната историја на Реал Мадрид не може да се пофали со 27 трофеи. Само еден играч стигна до тие височини и се вика Лука Модриќ.

Роди ме мајко олимписки првак во Филипини

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло освои два златни медали во Париз и кога се врати дома го пречекаа како херој. Честитките не се состоеа од плакета со благодарница и 10.000 евра, туку одма го внесоа во новиот стан и му подарија џип. Да е само тоа.

Реал Мадрид рутински до пехар во Супер Купот, Мбапе со гол на дебито

На фантастичниот Национален стадион во Варшава, пред преполни трибини, Реал Мадрид вечерва рутински ја совлада Аталанта во европскиот Супер Куп и по рекорден шести пат стигна до пехарот од овој натпревар.

А сте чуле ли за дисциплината „Фрлање кашкавал“?

Во Лос Анџелес 2028 како нови спортови се најавуват крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал. Еве им уште една идеја. Се игра во Новара, Сицилија и се работи за многу стара традиција. Сè што треба да имате е Мајоркино, тоа е пита овчи кашкавал тешка од 10 до 12 кила. Победува тој што ќе ја фрли најдалеку. Инаку натпреварот е веќе заштитен од УНЕСКО, а тоа што ни ја смири душата е што сепак кашкавалот на крај не го фрлаат, туку го јадат.

Само Лазо знаел на ваков начин да ги издрибла судиите

Немаме повеќе човек во спортот од таков ков на луѓе. Неодамна замина Џаро, а вчера и Лечиќ. Ви текнува ли на трет легендарен и незаменлив лик, истовремено и шоумен кој умее да направи измама за која ќе се зборува 100 години? Оваа е веќе прераскажана, но можеби помладите не ја знаат, а мораат.

Боксот го тргаат од Олимписки Игри, во 2028-ма ќе има нови спортови

После цели 120 години, легендарниот спорт, еден од најгледаните, се брише од списокот на Олимписки Игри 2028 во Лос Анџелес. Оваа одлука на МОК и други лица да се стават спортови кои не може да се наречат спортови.

Прости му Боже, олимписки медал освои

Богдан Богдановиќ беше разборен со Ѓоковиќ, но во еден момент мислеше дека треба со Леброн да игра еден на еден.

Братот од кров го направил најјакиот клип од славјето во Белград

Го имаме видеото со кое може најдобро да се долови лудилото во Белград, по повод пречекот на олимпијците и славјето за нивните медали.

Мурињо остана без ЛШ со гол во 118-та минута

Неславно тргна турската одисеја за славниот португалски тренер кој има две титули во Лига на шампиони. Ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.

Ново интро за Лига на шампиони

Заврши и третото квалификациско коло во ЛШ. На 20/21 и 27/28 август се плејоф средбите, а на 29-ти ждрепката за групите. За сезоната 2024/2025, има нов комплициран формат, кој допрва треба да го сконтаме, но и оркестрална верзија на химната, која за прв пат се користи после 2000-та година.

Пречек на олимписки првак на српски начин

Лондон 2012 - бронза, Рио 2016 - злато, Токио 2020 - злато, Париз 2024 - злато. Најтрофејниот олимпиец Душан Мандиќ се врати дома откако го доби балканското дерби против Хрватска во финалето на Олимписките игри. Го пречекаа со сите нишани.

Најлесно е да го тренираш Јокиќ, тој е толку едноставен, приземјен и добар

Српскиот селектор Светислав Пешиќ кој во играчката и тренерска кариера има освоено практично се што може да сè освои во кошарката, искрено раскажал за неговиот однос со најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ.

Истрелот на Јусуф Дикец доби слика и тоа заедно со Дуплантис

Јусуф Дикец до толку стана хит на Олимписките игри, што дури и на изложба со уметнички слики го ставија во Турција и тоа во друштво на легендарниот Дуплантис, кој го оствари деветтиот светски рекорд во скок со стап, а потоа прослави имитирајќи го Турчинот.

Кога Работнички со Лечиќ играле против пијани кошаркари од Чачак, а најдобриот бил голубарџија

Штом за Буштур МТВ направи документарец, за Лазо Лечиќ сигурно има материјал за минимум три дела. Вакви стории имало само со него и во негово време.

Танцот на српскиот селектор Кари во диско е за олимписко злато

Светислав Пешиќ (74) ја продолжи успешната берба на медали на неговите претходници на клупата на кошаркарската селекција на Србија. На Олимписките Игри во Париз освоија бронзен медал. Беа прекечани традиционално на балконот пред Собранието на Белград а после тоа и во диско селекторот Пешиќ покажал како игра. Неговиот прекар е Кари, а во својата автобиографска книга објасни како го завикале Кари.

САД одбива да го врати украдениот медал на Романка иако судот и МОК одлучиле така

Гимнастичкиот сојуз на САД упорно одбива да го врати бронзениот медал кој после судиска грешка и припадна на Џордан Чајлс а подоцна ѝ беше оправдано доделено на Романката Ана Барбоса.

Замина легендата Лазар Лечиќ

Лазо беше симбол за кошарка и основоположник на овој спорт во Македонија, почитуван и на југословенските простори. Ја тренираше првата петорка од формирањето на Работнички во 60-те.

Мурињо во Турција играше со ривал за кого бранеше 15-годишно дете

Легендарниот трофеен тренер Жозе Мурињо го имаше своето официјално деби на првиот официјален натпревар од новата сезона во турска Суперлига. Неговиот Фенербахче играше против Аданаспор и славеше минимално.

Новак уште од кола ја запали масата во Белград

Петте олимписки медали се прославија на големо во Белград, а фештата ја најави најдобриот тенисер во светот уште на доаѓање.