Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Бруно да го чуете кога Хари влезе во соблекувална

Најисмејуваниот фудбалер во Премиер лигата стана експерт за решавање натпревари во финишот. Ливерпул го кутна во 84-та минута. Во соблекувална следуваа честитки. Чујте го Бруно на крај на клипот. Од кај го извади гласов? :)

Еден од најубавите голови на колото падна во Премиер лига

Њукасл загуби на гостувањето од Брајтон со 2:1, но го има голот на месецот во Премиер лигата и можеби најатрактивниот во Европа овој викенд. Магија на Ник Волтемаде.

Мејсон Гринвуд даде 4 гола на еден натпревар за Марсеј

Олимпик Марсеј со 6:2 го згроми Ле Авр кој играше со играч помалку уште од 34' минута по црвениот картон на Галтије Љори. Англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд постигна „покер“ со четири погодоци: во 35-та минута од пенал, во 67-ма, во 72-ра и 76-та минута.

Фантастичен гол на Кристијано Роналдо!

Ал Наср кој од клупата го предводи Хорхе Жезус го победи Ал-Фатех 5-1. Жоао Феликс постигна хет-трик, гол даде и Кингсли Коман кој летово пристигна од Баерн Минхен, а најубавиот погодок на натпреварот беше дело на Кристијано Роналдо. Ветеранот по двата гола за Португалија минатата недела, сега повторно стрелаше во мрежата.

Прекрасен гол на Кристијан Трапановски против Ренџерс и Миовски на гости

Ренџерс одигра ново, дури шесто реми во домашното првенство и е на изненадувачко шесто место на табела. Во се-македонскиот дуел меѓу Бојан Миовски и Кристијан Трапановски Ренџерс и Данди Јунајтед одиграа 2-2 и поделија по бод. Битолчанецот постигна прекрасен гол за делириум меѓу гостинските навивачи.

Меси игра како во рана младост: нов хет-трик и Златна копачка за најдобар стрелец во САД

Во последното коло од основниот дел на МЛС лигата во САД, Интер Мајами со 2-5 го победи Нешвил на гости. Лионел Меси постигна хет-трик со еден гол од пенал, даде три погодоци со кои стигна до бројката од 29 гола сезонава и заслужено ја освои Златната копачка на МЛС за најдобар стрелец. На тоа придодаде уште неверојатни 19 асистенции. Интер Мајами во доигрувањето ќе влезе од трето место.

Нова фора со изведување аут

Јапонецот Хајате Мацуда од Хановер на натпреварот против Шалке покажа нова техника на изведување аут и проба да го збуни противникот. Од спунт од главата на неговиот соиграч Мустафа Бунду. На крај Шалке победил 0-3.

Ќе те најде жена и под камен и под дрво

За време на фудбалскиот натпревар меѓу Спорт Ресифе и Сеара во најдобрата бразилска Серија А, една навивачка на домашниот клуб го нашла својот партнер со друга девојка на трибините.

Дерби во Белгија прекинато, судијата погоден со пластична чаша

Во дербито на белгиската лига Стандард Лиеж водел со 1-0 до 88-ма минута кога некој од трибините фрлил пластична чаша на терен и го погодил судијата во грб. Тоа било втор прекин на натпреварот па главниот судија решил во целост да го прекине мечот. Сега одлучиле последните две минути плус продолжението да се доигра во понеделник или вторник. Стандард Лиеж се огласил дека ќе поднесе пријава против својот навивач.

Завршницата на Реал во време на Зидан

Како фудбалер освои бројни трофеи, а како тренер уште повеќе ја збогати трофејната сала. На Реал Мадрид му донесе две шампионски титули, два шпански Суперкупа, три пехари во Лига на шампиони, два во УЕФА Супер Куп и две Светски клупски првенства. Играа неверојатно убав фудбал.

Еден на еден со братот и не е баш добра идеја

А татково е ко судија во селска лига. Дозволува погруба игра.

Што и да му правиш на телефонот, клипов со Зидан не го бриши

Како да го вратиме времето назад едно 20 години за да го гледаме овој човек на тв? Уникатна фудбалска фигура. Кој знае што било на тренинзи. Ова е само еден пример. И тоа тука е тренер.

Топ 7 голови во Серија А за 2003/2004

Лобот на Тоти какви што нема сега, снаодливоста на Шева, атракцијата на Недвед, експлозивноста на Ди Вајо, бомбата на Шевантон, велемајсторијата на Мансини. Па, па, па. Каква романтика.

„Играв со Дел Пјеро, работев како шанкер, а сега се борам за живот“

„Ја држев цврсто раката на сопругата и ја замолив да се грижи за нашата ќерка. Ме вовлекоа во скандал со обложување, осум години подоцна бев ослободен, но тој инцидент ми го промени животот.“

Нема повеќе гратис автограми од Ламин Јамал

Им даваат катаљарда евра во клубовите од плата, разни бонуси, клаузули и слично, потоа купишта пари од комерцијалните договори, а сега и од автограмите почнаа да прават бизнис.

Мајсторијата на Манасков е избрана за гол на колото во Лига на шампиони

За време на првото гостување на Барселона некогаш во Битола, во Лиа на шампиони, Каталонците славеа а Дејан Манасков го постигна најубавиот гол на колото. ЕХФ го избра за погодок гол број 1. Антологиски ќе стане.

Марта, женскиот Жунињо уште дава прекрасни голови

Бразилката Марта, најдобра женска фудбалерка на сите времиња, уште игра. На 39 години настапува за Орландо Прајд во САД, Синоќа на дуел против мексиканска Пачука во рамки од КОНКАКАФ женскиот Куп, постигнала прекрасен гол од слободен удар.

Полицијата во Бирмингем не пушта израелски навивачи, премиерот Стармер се буни

На 6-ти ноември во Бирмингем натпревар од Лига Европа треба да играат Астон Вила и Макаби Тел Авив. Клубот од Бирмингем во четвртокот соопшти дека Советот за безбедност при градот кој е одговорен за издавање безбедносни дозволи и сертификати - решил да не дозволи влез на навивачи на израелскиот клуб во градот поради безбедносни причини.

ФИФА објави дека 1 милион карти за Светско веќе се продадени

Како што се ближи Мундијалот, иако има уште неколку месеци, така ќе се зборува сè повеќе за истиот. ФИФА веќе пушти еден отворен таканаречен „прозор“ во кој одреден број среќници можеа да си купат карти иако уште не се знае која репрезентација ќе обезбеди пласман и во која група ќе биде.

Чудесија од гол на 41 годишниот Тијаго Силва и тоа во 98 минута

Легендарниот бразилски стопер кој играше за Милан, ПСЖ и Челси, уште игра фудбал, а роден е 84-та. Му донесе 3 бода на Флуминенсе на дуелот против Јувентуд со велемајсторка акробација во 98 минута. Сигурно еден од најјаките голови во кариерата, ако не е и најјак.

Малдини да ви покаже како се чува Ибрахимовиќ

Златан тука има 26 години, а Паоло 40, плус зборуваме за градско дерби. Дефиниција за игра во одбрана против тешка градба за чување. Без пардон му влезе.

Деца во школо му поставуваат прашања на Дражен

На 22 октомври годинава ќе наполнеше 61 година. Но, замина премлад, на само 28 години. Од него ќе останат спомените. Меѓу нив и ова прекрасно видео со основци, снимено во школска сала.

Па дај му ја тренерката бе Синер, што си се стегнал

„Ќе излажам ако кажам дека мотивацијата за турнирот не се парите“, изјавил меѓу другото Јаник Синер, вториот светски рекет на АТП ранг листата по победата над Стефанос Циципас 2-0 по сетови 6-2, 6-2 на турнирот „Шесте Крала“ во Ријад, Саудиска Арабија. После натпреварот упаднало едно дете од публика да му ја побара тренерката. На Синер не му се давала.