Дерби во Белгија прекинато, судијата погоден со пластична чаша

Во дербито на белгиската лига Стандард Лиеж водел со 1-0 до 88-ма минута кога некој од трибините фрлил пластична чаша на терен и го погодил судијата во грб. Тоа било втор прекин на натпреварот па главниот судија решил во целост да го прекине мечот. Сега одлучиле последните две минути плус продолжението да се доигра во понеделник или вторник. Стандард Лиеж се огласил дека ќе поднесе пријава против својот навивач.

18 октомври 2025 - 10:16