
Полицијата во Вест Мидлендс ја поддржала одлуката и додала дека натпреварот е прогласен за дуел од висок безбедносен ризик. Од проста причина што во Бирмингем живее голема исламска заедница и би можело да има нереди какви што имаше во Амстердам лани во 2004.
Премиерот на Велика Британија Кир Стармер го критикувал овој потег на властите во Бирмингем и рекол дека „ние нема да толерираме антисемитизам на нашите улици“, како и дека улогата на полицијата е „да осигура фудбалските навивачи да може слободно да уживаат на натпреварот, без страв од насилство или застрашувања“.
Конзвервативниот лидер Кеми Баденох ја нарекла одлуката „национална срамота“ и побарала од премиерот Кир Стармер да ја смени. Таа напишала на мрежата Х дека премиерот треба „да гарантира дека еврејски навивачи можат да си влезат на кој било стадион во земјата. А ако не, тоа праќа страшна и срамна порака: дека има делови од Британија каде Евреите просто не можат да одат“.
Полицијата во Вест Мидлендс рекла дека одлуката за забрана на гостински навивачи на мечот Астон Вила - Бирмингем е донесена врз основа на разузнувачки информации и претходни инциденти како оние насилни тепачки од омраза на улиците во Амстердам кога локални муслимани се тепаа со навивачи на Макаби Тел Авив од Израел во ноември 2024, откако Израелците симнуваа палестински знамиња од куќи и тераси во Амстердам и пееја потресни песни како веќе „не останаа школи зошто нема деца во Газа“.
Тогаш повеќе од 60 лица беа уапсени поради големи нереди во градот кои тамошните официјални лица ги опишаа како „токсична комбинација од антисемитизам, хулиганизам и бес“ поради војната во Газа, Израел и каде било на Средниот Исток.
Од клубот Астон Вила рекле дека се „во постојана комуникација со Макаби Тел Авив и со локалните власти“ со што приоритет ставаат на безбедноста на сите навивачи и локалните жители.
УЕФА вели дека сака навивачите да можат да патуваат безбедно и сигурно да го бодрат својот тим во „безбедна, сигурна и амбиент на добродојденост“.
„Во секој случај, надлежните авторитети остануваат одговори за одлуките поврзани со безбедноста и сигурноста на натпреварите кои се играат на нивна територија“, рекле од УЕФА.
Ајуб Кан, независен пратеник од Бирмингем барал активно натпреварот да се одложи и сега ја поздравува одлуката.
„Од моментот кога се паднаа на ждрепка, јасно беше дека има безбедносни ризици со кои ниту нашата полиција нема да може да се справи“ рекол тој и додал „како не смее да се толерира антисемитизам, дека сите го осудуваме тоа што се случив о Манчестер што беше чист антисемитизам“, што се однесува на нападот во синагога во Манчестер за празник кога муслиман уби две лица месецов.
Но додава и:
„Ние не смее да мешаме антисемитизам кога гледаме што некои навивачи направија во Амстердам во 2024. Потресните расистички скандирања и омраза, песни како немало веќе школи во Газа зошто не останале веќе деца во Газа“, рекол Ајуб Кан.
Ендрју Фокс пак, почесен претседател на Еврејскиот фан клуб на Астон Вила рекол дека коментарите на Кан за Амстердам се срамни и дека тоа таму бил смислен лов на Евреи.
„Пошироко прашање е зошто има закани со насилство. Не е само за Макаби Тел Авив, очигледно дека е многу поширок проблем од она што е војната во Газа и дека праќа навистина загрижувачки пораки за британското општество дека ние не сме цивилизирани доволно за да имаме дебата за ова без да имаме фудбалско насилство“, рекол Ендрју Фокс.
Советот на Евреите во Британија вели дека „е перверзно“ што на навивачи на Макаби Тел Авив им е забрането да одат на натпреварот и побарал тој да се игра зад затворени врати.
„Астон Вила треба да сноси последици од оваа одлука“, напишале на Х од еврејската заедница во Британија.
Министерот за надворешни работи на Израел Гидеон Саар ја нарекол одлуката „срамна“ и побарал од официјалните лица ја да тргнат.
Ед Дејви од Либерната демократска партија рекол дека е „сериозна грешка“ што не се дозволува присуство на гостински навивачи на Макаби Тел Авив. „Не се исфрла антисемитизмот со забрана на неговите жртви. Оваа одлука мора да се смени“.