Израелското дерби во Тел Авив одложено поради нереди

Пред почеток на големото израелско градско дерби Макаби Тел Авив - Хапоел Тел Авив, домашните и гостинските навивачи зад двата гола фрлиле огромен број бакљи, димни бомби и петарди после што судијата го прекинал на кратко натпреварот. Поради нереди надвор од стадионот повредени биле 12 лица меѓу кои и полицајци, 9 души биле уапсени а 16 приведени на испрашување. Натпреварот бил одложен после неколку обиди да се одигра.

Израелски Ynet пишува дека тие изброиле околу 51 димна бомба и бакља фрлени на теренот:

„Нереди, фрлање предмети, димни бомби, огномет, повредени полицајци и оштетена инфраструктура на стадионот - ова не е фудбалски натпревар, ова е сериозен јавен неред и чин на насилство. Поради нереди и загрозување човечки животи пред почетокот на фудбалскиот натпревар на стадионот Блумфилд, израелската полиција ги извести екипите, управите и судиите дека е одлучено натпреварот да не се одигра. Ги повикуваме навивачите да останат на своите места додека не се осигура мирно и контролирано напуштање стадионот“, соопштила полицијата во Тел Авив.

Ова требаше да биде прво големо градско дерби на двата големи ривали после повеќе од една година зошто Хапоел минатата сезона играше во втора лига откако испадна. Двата тима го делат стадионот „Блумфилд“ кој има капацитет од 29.400 места. Сезонава двата тима водат голема борба, Макаби после шест кола е втор на табела со само 1 бод повеќе од Хапоел Тел Авив.

Овој прекин и нереди доаѓаат на само неколку дена пред натпреварот од Лига Европа меѓу Астон Вила и Макаби Тел Авив за кој локалната полиција во Бирмингем процени дека забранува гостински навивачи поради голем безбедносен ризик. Бирмингем е град со најголема исламска заедница во Велика Британија и постои опасност да се повторат нередите кога Макаби гостуваше во Амстердам минатата година.

Оваа забрана наиде на големи осуди и протести од политичари и Еврејската заедница во Велика Британија.

20 октомври 2025 - 10:55