
Тој заврши 4-ти на трката за Големата награда на САД во неделата вечер, а тоа е веќе 19-та трка во тимот на Ферари за Хамилтон на која ниту еднаш не стигна до подиумот. Со ова тој го израмни антирекордот.
Досега тој негативен рекорд го држел Дидие Пирони кој возел за Ферари во сезоната 1981/1982 и тој првпат завршил на подиум на 19-та трка во составот на Скудерија, на трката за Големата награда на Сан Марино во 1982-ра година кога победил на крајот.
На тркатата во САД неговиот тимски колега Шарл Леклер од Ферари заврши трет а Луис Хамилтон четврти. Подиумот на Леклер беше само шести во 2025-та година. Претходно Шарл Леклер стана втор на неговата домашна трка пред негови навивачи во Монако и заврши трет во Саудиска Арабија, во Шпанија, Австрија и Белгија.
Леклер вкупно има 59 подиуми во Формула 1, а пак Луис Хамилтон по доаѓањето од Мерцедес во Ферари ниту еднаш не се најде во Топ 3. Во составот на „коњчето“ Британецот само еднаш победил на еден тренинг спринт во Кина.
Што се однесува до самата трка, повеќекратниот Ф1 шампион Макс Ферстапен кој тргна од пол-позиција, на крајот ја сочува и оствари убедлива победа.
Втор заврши Ландо Норис од Мекларен кој два пати го претрка Шарл Леклер од Ферари кој на крај заврши трет. Лидерот во генералниот пласман Оскар Пиастри трката ја финишираше на петто место.
Макс Ферстапен по 122-ри пат во кариерата се искачи на подиумот со што стигна на 3-то место на вечната листа пилоти со најмногу подиуми и ја дели таа позиција со четирикратниот шампион Себастијан Фетел. И натаму апсолутно прв е Луис Хамилтон со 202 подиуми а втор е Михаел Шумахер со 155 подиуми во кариерата.