Несреќниот пораз на Макаби Тел Авив од Олимпијакос во минатото коло кога водеа +15 разлика на неколку минути до крај па изгубија, сега им се врати со победа против Реал Мадрид. Израелскиот тим игра во Белград, а таму во салата „Александар Николиќ“ со тројка на Тамир Блат на неколку секунди пред крај го победија Реал Мадрид 92-91.