Спортинг Лисабон ја забележа и втората победа во Лига на шампиони, откако синоќа после пресврт со 2-1 го победија Марсеј кој водеше долго време. Португалците славеа со играч повеќе од 45+2' минута откако Емерсон Палмиери доби директен црвен картон кај Марсеј. Во финишот црвен доби и Максимилијан Араухо по една срамна глума на стоперот Бенжамин Павар. Главниот судија набрзо му го поништи црвениот откако гледаше ВАР.