Најголем срам во историјата на полскиот фудбал: Лех Познањ изгуби од екипа од Гибралтар

Малку или скоро воопшто непознатиот состав од Гибралтар, екипата на Линколн Ред Импс синоќа во Конференциска Лига со 2-1 го победи големиот полски клуб и повеќекратен шампион на оваа земја Лех Познањ со 2-1. Ова е историска победа на екипа од Гибралтар кој сега напредува на УЕФА листата за клупски коефицент.

Пред почетокот на натпреварот на тоталниот аутсајдер Линколн Ред Импс за победа против Лех Познањ му се даваше и до 14.00, некаде и до 15.00 коефицент. На малото стадионче „Европа Поинт“ кое собира околу 2.500 гледачи се случи право чудо.

Домаќините први поведоа преку Кике Гомез во 33' минута кога го шокираа гостинот со студен туш.

Дури 77 минути му требаше на Лех Познањ да израмни и тоа едвај, преку гол од пенал на нивниот капитен Микаел Ишак:

Залудно полската екипа имаше повеќе од поседот и имаше 18 шута од кои само 5 кон противничкиот гол кога Линколн Ред Импс во 88-ма минута ја запрепасти Европа со гол на Кристијан Рутјенс!

На крајот конечни 2-1 и прва историска победа во еден ервокуп за некоја екипа од Гибралтар! Овој триумф им носи и голем напредок на ранг листата за клупски коефицент па доколку остварат уште една победа или одиграат две нерешни до крајот на евро настапите, би можеле да обезбедат дури 4 места во еврокуповите за Гибралтар!

За потсетување во Конференциска лига после 2 кола победи немаат екипи како Динамо Киев, Рапид Виена, Абердин.

24 октомври 2025 - 09:33