Леброн го нема, Дончиќ го нема, ама Ривс даде 51 поен и влезе во легендата

Во отсуство на двајцата најдобри играчи Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Остин Ривс одигра чудесна партија за Лејкерс и им донесе победа против Сакраменто Кингс 127 - 120. Ривс постигна неверојатни 51 поен со 11 скока и 9 асистенции.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Тој постави свој личен рекорд во кариерата и стана само еден од ретките кошаркари во историјата на НБА кој постигнал над 50 поени со 11 скока и 9 асистенции на еден натпревар после Вилт Чембрлен, Елџин Бејлор, Ричи Герин, Карим Абдул-Џабар, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Расел Вестбрук и Џејмс Харден.

Тој е и прв кошаркар на Лејкерс уште од времето на легендарниот Елџин Бејлор кој дал толку поени со толку скока и асистенции.

Остин Ривс имаше 12/22 од игра меѓу кои 6 погодени тројки од 10 обиди. Реализираше 21 од 22 слободни фрлања за вкупно 39 минути на паркет.

Историскиот подвиг на Ривс е уште поголем ако се знае дека тој презема одговорност во клучни моменти од натпреварот Лејкерс - Сакраменто Кингс кога на крајот во последните 32 секунди постигна четири слободни фрлања за победа.

Покрај него сјајни беа уште и ДиАндре Ејтон со 22 поени и 15 поени и Руи Хачимура со 18 поени. Кај Сакраменто дури шестмина беа двоцифрени а најефикасни беа Зак Левин со 32 поени, Демар Дерозан со 21 поен, Денис Шрудер со 18 поени и 12 асистенции колку што имаше поени и Расел Вестбрук, доскорешниот кошаркар на ЛА Лејкерс. Малик Монк уфрли 15 поени а Домантас Сабонис имаше 10 поени и 14 скока.

27 октомври 2025 - 10:20