Нов гол на Кристијано Роналдо, се приближува до сонот за 1.000 голови

Тимот на Роналдо, Ал Наср има максимален учинок и 6 победи после 6 кола во саудиската Про лига. Имаат 21 даден гол и само 2 примени. Имаат 18 бода благодарение на новајлијата Жоао Феликс кој веќе стигна до 9 гола и Кристијано Роналдо кој само во првенството има 6. Синоќа и двајцата дадоа по еден во победата 0-2 над Ал Хазм. Кристијано го постигна 950-от гол во професионален фудбал. Целта му е да стигне до 1.000 погодоци.

26 октомври 2025 - 11:15