Што да кажеш а да не го навредиш?

Драјмонд Грин е еден од најтрофејните кошаркари во историјата на НБА. Има 35 години, со Голден Стејт Вориорс освои 4 шампионски титули, беше биран за најдобар одбранбен играч, има 4 Ол-Стар настапи. Ама има и нешто чудно во него да прави глупости на и надвор од терен. Синоќа во победата на Голден Стејт против Мемфис Гризлис откако Санти Алдама промаши слободни фрлања по груб фаул на Грин, еве како се глупираше:

Драјмонд Грин е познат како најказнуван играч во историјата на НБА лигата. На казни има дадени стотици илјади долари. Минатата сезона имаше 13 технички и три тешки груби фаули. Доби суспензија од еден натпревар поради 16 технички.

Сега веќе има 3-4 технички од старт на сезоната. 

Голден Стејт Вориорс победи 131-118 против Мемфис Гризлис и го забележа третиот триумф сезонава. Најефикасни беа Џонатан Куминга со 25 поени, 10 скока и 4 асистенции, Брендин Подзиемски со 23 поени, 4 скока и 6 асистенции и Џими Батлер со 20 поени и по 5 скока и аситенции. 20 даде и Мозес Муди.

Кај Гризлис Џа Морант имаше 23 поени со 3 скока и 9 асистенции, а двоцифрени беа уште и Џарен Џексон со 16 поени и 7 скока, Џок Лендејл со 17 поени, 6 скока и 3 асистенции, Санти Алдама со 14 поени, 6 скока и 4 асистенции и Џајлен Валс со 10 поени и Кам Спенсер со 11 поени.

 

28 октомври 2025 - 09:46