Во победата на Јута Џез против Феникс Санс 138 - 134 после продолженија, Лаури Марканен постигна запрепастувачки 51 поен со 14 скока и три асистенции. Претходниот рекорд на Финецот со дури 49 поени беше на 9-ти јануари 2023-та во неговата прва сезона во Јута Џез.
Ова е првпат и некој кошаркар на „џезерите“ после далечната 1998. и легендарниот Карл Мелоун да постигне 50+ поени во основниот дел од сезоната.
Претходниве вечер дури 5 кошаркари постигнаа 50+ поени, а имаше и многу играчи кои префрлија и 40 поени. Лични рекорди на кариерата забележаа Виктор Вембанјама, Остин Ривс, Шеј-Гилџес Александер, Алперен Шенѓун и сега Лаури Марканен.
Покрај Марканен одлични кај Јута Џез беа и Кејонте Џорџ со 26 поени и 10 асистенции а дабл-дабл учинок имаше и Вокер Кеслер со 25 поени и 11 скока.
Кај Феникс Санс лидерот Девин Букер постигна 35 поени со 10 асистенции, дабл-дабл имаа уште и Марк Вилијамс со 25 поени и 11 скока, Ројс О'Нил со 17 поени и 13 скока и Колин Гилеспи со 15 поени и 13 скока. Двоцифрен кај Феникс беше и Грејсон Ален со 23 поени.
„Кога играме брзо и како што сакаме да играме, секој изгледа добро. Секогаш им давам почит на соиграчите, тие ме ставаат во одлични позиции и само треба да погодувам шутеви и да останам агресивен“, рекол Лаури Марканен после мечот.
Тренерот на Јута Џез Вил Харди вели за Финецот:
„Тој го оствари ова на многу начини како што прави секогаш. Тој игра со срце. Тој не води, неговото присуство на теренот се истакнува“.