Дани Алвеш проповеда во евангелистичка црква во Џирона

Даниел Дани Алвеш, еден од двајцата (со Меси) најтрофејни фудбалери на сите времиња беше осуден и лежеше затвор за силување на девојка во ноќен клуб во Барселона. Бразилецот помина неколку години зад решетки а сега кога конечно е на слобода, се посветил на служба во Евангелистичката црква „Иглесиа Елим“ во шпанскиот град Џирона во Каталонија.

Бразиелецот во декември 2022 лежеше 14 месеци во притвор пред да биде осуден на четири ипол години затвор во февруари 2024. Но во март истата година пресудата беше едносгласно поништена откако биле откриени значајни недоследности во изнесените докази.

Откако е ослободен од затвор, тој се смирил со поранешната сопруга Жоана Санз со која неодамна го добил првото дете. По излегување од затвор тој нашол утеха во верата.

Со снимка на која се гледа како држи проповед, Дани Алвеш изненадил многумина. Тој се појавил пред парохијаните во евангелската црква „Елим“ во Џирона и делел свои сведоштва за средбите со Бога.

На снимката се гледа како некогашниот капитен на славната генерација на Барселона и капитен на Бразил држи микрофон, а целата просторија внимателно го слуша.

„Морате сериозно да ги сватите Божјите работи и морате да имате верба. Јас сум доказ за тоа. Склопив пакт со Бога“, им рекол Алвеш и додал:

„Среде потреси, среде олуи, секогаш постои Божји гласник. И тој гласник, во најтешкиот момент од мојот живот, ме собра, ме одведе во црквата Иглесија на патување и денес сум на овој пат благодарение на нив“.

@chacon2178

la fe que transforma, Dani Alves! de futbolista a predicador de la palabra la gloria solo es para Dios

♬ sonido original - Camila y Josué

 

28 октомври 2025 - 12:16