Ова беше прв погодок на Сон во МЛС лигата, на неговиот трет натпревар во Лос Анџелес откако дојде во август годинава. Во дебитантската сезона тој одигра на 10 натпревари, постигна 9 гола и имаше 3 асистенции.
Тој во Лос Анџелес дојде после 10-години во Тотенхем каде беше капитен. Во сезоната 2021/2022 му беше доделена Златна копачка во Премиер лига за најдобар стрелец. Тогаш го избраа и за најдобар фудбалер на Азија на сезоната.
По крајот на основниот дел во МЛС лигата, убедливо најдобар играч е светскиот шампион Лионел Меси со дури 31 гол и 17 асистенции. Лео сигурно ќе ги добие Златната копачка за најдобар стрелец и награда за МВП на основниот дел во МЛС лигата.
Втор најдобар стрелец е соиграчот на Сон, Денис Буанга од Лос Анџелес со 24 гола колку што има и Сем Стариџ од Нешвил.