Лиам Лосон (23) набрзо испадна од трката а по крајот изјавил дека бил шокиран што на среде активна трка двајца редари ладно си претрчуваат.
На крајот на трката славеше Ландо Норис а зад него на подиумот завршија Шарл Леклер и Макс Ферстапен. Ландо Норис со овој риумф стигна и до лидерска позиција која што ја презема сега од неговиот клупски колега Оскар Пјастри.
Но инцидентот ги запрепасти сите.
There were Marshalls CROSSING the track during Liam Lawson's lap.......pic.twitter.com/wV7fWxnvsx
— RBR Daily (@RBR_Daily) October 26, 2025
„Искрено не можев да верувам што гледам. Излегов од менување гуми во бокс и на првата кривина гледам двајца ликови си претрчуваат преку патеката. За малку ќе удрев еденод нив искрено, беше опасно. Очигледно имало недоразбирање во комуникација но никогаш не сум видел такво нешто претходно, ниту порано. Ова е неприфатливо. Не знам како може редари да трчаат на активна патека. Немам идеја зошто, но сигурен сум дека ќе има некакво објаснување, не знам што се случувало“.
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) која раководи со Формула 1 вели дека врши истрага за случајот.
„Во однос на инцидентот, контролорот на трката беше информиран дека исфрлен предмет имало во агол на патеката. На третиот круг редарите беа информирани и ставени на чекање за да влезат на патеката и да го тргнат предметот кога сите болиди ќе поминат.
Кога стана очигледно дека Лосон ги забележал, стигна информација до редарите да се тргнат веднаш и двојно жолто знаменце беше активирано во тој дел. Уште истражуваме што се случи во тој момент“.