Историски пресврт во Копа Либертадорес, од 3-0 на првиот дуел до 4-0 на реваншот

Бразилски Палмеирас направи голем подвиг откако во реваншот од полуфиналето на познатата Копа Либертадорес го совладаа ЛДУ Кито од Еквадор со 4-0 и ја надоместија огромната негатива од три гола за пласман во големото финале.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Јунак на историскиот пресврт во едно полуфинале на Копа Либертадорес беше одличниот играч од среден ред Рафаел Веига со два гола во 68-ма и 82-ра минута откако претходно во првиот дел Рамон Соса и Бруно Фухс.

Во 78' минута Палмеирас водеше 3-0 а Алан преку сјајна акција со неколку дриблинзи се избори за пенал од кој поведоа на посакувани 4-0.

За невиден делириум и големо славје за пласманот во големо финале:

Палмеирас е трикратен шампион во Копа Либертадорес со титули во 1999, 2000 и 2021. Сега ќе игра за нов пехар против големиот и лут ривал Фламенго во бразилското финале на 29-ти ноември на големиот стадион „Монументал“ во Лима, Перу.

Ова финале ќе му гарантира на Бразил дури 8 титули од последните 9 сезони на Копа Либертадорес! Ова значи и дека Бразил ќе ја стигне Аргентина на 25 трофеи во најпознатиот турнир во Јужна Америка.

Претходно Фламенго кој го играше речиси цел втор дел со играч помалку, издржа и му оддолеа на аргентински Расинг Клуб на реваншот кој заврши 0-0 и ја сочува победата од 1-0 на првиот натпревар за пласман во големо финале.
 

31 октомври 2025 - 09:27