Лејкерс славеше со кош со сирената, Остин Ривс пак е јунак

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа уште една победа без нивниот најдобар тандем Леброн Џејмс - Лука Дончиќ кои се отсутни поради повреди. Остин Ривс игра во транс од стартот на сезоната, па по рекордните 51 поен против Сакраменто Кингс и 41 поен против Портланд, синоќа во победата на дуелот со Минесота Тимбервулвс имаше 28 поени од кои и кош во последна секунда за голема победа 116-115.

Остин Ривс го води Лејкерс до третата победа сезонава. Тој покрај 28 поени запиша и дури 16 асистенции а фантастична вечер имаше и младиот 23-годишен Џејк ЛаРавија со 27 поени и осум скока.

Кај Минесота Тимбервулвс која играше без својот лидер Ентони Едвардс, Џулиус Рандл уфрли 33 поени со шест асистенции и пет скока, а Џејден Мекданиелс 30 поени со седум скока.

30 октомври 2025 - 08:45