 
                            За првпат во историјата Сан Антонио Спарс ја почнува сезоната со 5 победи на 5 натпревари. Дури ниту во најславните денови од клупската историја со Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили немале ваков старт.
Интересно дуелот со Мајами Хит синоќа беше права резултатска вртелешка затоа што во последната четвртина Сан Антонио со серија направи 15 поени разлика а Мајами возврати со 17-1 и во самиот финиш водеше.
Но предводени од Вембанјама, спарси се вратија и заслужено победија. Сега се на 5-0, израмнети со рекордот на Оклахома Сити Тандер за најдобар почеток на сезоната и ќе го ловат апсолутниот рекорд во недела кога играат против Феникс Санс на гости.
Високиот Французин со африканско потекло, игра во невозможна форма. Синоќа уфрли 27 поени а имаше и 18 скока и 6 асистенции во победата против Мајами Хит. Го следеа 20-годишниот Стефан Касл со 21 поен и 8 асистенции, Девин Васел со 17 поени и 9 скока.
Кај поразените Хит Бам Адебајо кој имаше ултра атрактивно забивање токму преку Вембанјама, го заврши мечот со 31 поен и 10 скока, Ендрју Вигинс постигна 24 поени, Италијанецот Фонтекио додаде 18 поени, Девион Мичел 11 поени.
Топ 5 НБА потези на вечерта, Адебајо ја заби преку Вембанјама
 
 
 
