Сексуалниот насилен напад се случил во Италија во 2022-ра година. Робињо е осуден на 9-годишна затворска казна која веќе ја отслужува во Бразил. Снимале емисија за него во затвор.
Бразилскиот фудбалер тврди дека тој секогаш негирал дека имал каква била врска со сексуалната агресија и силување на девојката.
„Имавме кратка, површна врска. Се бакнувавме, а после тоа си заминав дома. Таму беа и други луѓе. Кога видов дека сака да продолжи со другите момци си заминав дома. Никогаш тоа не го демантирав. Беше споразумно. Никогаш тоа не го пореков. Можев да го поречам зошто мојата ДНК не беше таму. Но не сум лажго“, рекол поранешниот бразилски репрезентативец во интервју за ТВ Рекорд.
Советот на заедницата Таубата, непрофитна организација која ја основала судијката Суели Зераик за поддршка на правосудството, објавил видео во кое зборува Робињо.
Тој раскажува како му е во затворот и одговара на прашањата дали навистина имал поинаков третман од другите затвореници.
„Мојата исхрана, мојот распоред на спиење, се е исто како и кај другите затвореници. Никогаш не сум јадел ништо поинакво, ниту сум имал поинаков третман. Кога е време за работа, работам се што прават и другите затвореници. Ако сакаме да играме фудбал, дозволено е во недела, кога нема работа“, вели 41-годишниот фудбалер кој освои две шампионски титули во Бразил и еден Куп, две титули во шпанска Ла Лига со Реал Мадрид и еден Суперкуп на Шпанија, скудето со Милан во Италија и Суперкуп на Италија, титула во Кина, во Турција и Копа Америка и ФИФА Куп на Конфедерации со Бразил.