Ракометниот Ол стар спектакл во фотографии

Скопје беше домаќин на веројатно најславното ракометно друштво собрано на едно место. Микс на македонски, српски, хрватски, црногорски, шпански, руски...ѕвезди. Ќе се памети овој настан.

Ракометните легенди од Македонија и Европа се собраа во Јане Сандански и одиграа ревијален натпревар по повод 20 години Спортско радио 90,3 ФМ.

Спектаклот од кој нерешениот резултат оди во втор план, ги обедини на едно место ѕвездите кои оставија историски белег во ракометот.

Овој уникатен настан ги собра во Јане Сандански најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Гоце Гоергиевски, Александар Царчев...

Од странските ракометари беа Арпад Штербик, Жоао Кањелас, Иван Чупиќ, Страхиња Милиќ, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Даниил Шишкарев, Вуко Борозан и др.

Селектори беа Лино Червар, Веселин Вујовиќ и Ристо Магдинчев, а судии и делегати Марјан и Драган Начевски, Горѓи Начевски - Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева...

Фото: Игор Паневски

30 октомври 2025 - 08:17