Падна легендарно знаме на Торцида, го запалија во Винковци

Дуелот меѓу второлигашот Цибалија и Хајдук Сплит во рамки на хрватскиот Куп предизвикал огромно внимание. Полни трибини и голем број навивачи на двата тима. Во еден момент Торцида извадила помало знаме одземено од противничките навивачи а домашните Винковчани им одзеле на Торцидашите старо култно знаме „Торцида Брда“ кое набрзо и го запалиле.

Ова предизвикало права мала навивачка војна во која се вмешала и полицијата па избил хаос. Некој навивач на Хајдук гаѓал со ракети кон домашната трибина на која имало и родители со деца:

На крајот на пенали славел Хајдук 2:4 откако после 120 минути резултатот бил 0-0.

 

30 октомври 2025 - 11:58