Аргентинска фешта во Копа Либертадорес

На легендарниот стадион „Президенте Перон“ во Авељанеда, предградието на Буенос Аирес, синоќа Расинг Клуб го пречека бразилски Фламенго во реваншот од полуфинале на Копа Либертадорес најважниот турнир во цела Јужна Америка. Повеќе од 50.000 навивачи на сино-белите направија шоу. Натпреварот заврши без голови а поради триумфот 1-0 на првиот дуел Фламенго оди во финале.

Фламенго има три титули во Копа Либертадорес, во 1981, 2019 и во 2022. Доколку бразилскиот клуб го освои и сега шампионскиот пехар, тоа ќе значи осма титула за Бразил во Копа Либертадорес во последните девет изданија.

Во второто полуфинале еквадорскиот шампион ЛДУ Квито е пред пласман во финале откако на првиот дуел со 3-0 го совлада бразилски Палмеирас. Реваншот се игра вечерва.

 

 

 

30 октомври 2025 - 08:30