Во дербито на вечерта во англискиот Лига Куп, Њукасл го совлада Тотенхем со 2-0. Стрелци на головите Фабиан Шар во 24' и Ник Волтемаде во 50' минута. Пред крајот од дуелот Тотенхем тргна во брза контра но главниот судија им ја попречи. Капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш му аплаудираше на судијата.