 
                            Централната банка на Аргентина издаде специјална комеморативна монета во ограничено издание со историскиот гол на Марадона, кој го даде на Мундијалот 1986.
На едната страна има фудбалска топка, а од другата страна е прикажан епскиот велеслалом од своја половина, како поминува покрај пет одбранбени играчи.

Голот многумина сè уште го нарекуваат „гол на векот“, кој инаку го постигна во четвртфиналето на тоа Светско, кое потоа го освои.
Аргентинската легенда која почина пред пет години, остави зад себе бесмртно наследство кое продолжува да инспирира генерации.
𝑻𝒉𝒆 𝑮𝒐𝒂𝒍 𝒐𝒇 𝒕𝒉𝒆 𝑪𝒆𝒏𝒕𝒖𝒓𝒚 🔟☄️
— Selección Argentina in English (@AFASeleccionEN) June 22, 2025
pic.twitter.com/T1CtdLIMmu
 
 
 
