Offside

Кај триста сомнежи имаме со купишта ствари пред да ги објавиме на сајт поради она вештачкана интелигенција (ВИ), сега па и на фудбалерите не може да им се верува.

Римскиот легионер - Даниеле Де Роси

Кога е на теренот, гине за себе, за тимот и за навивачите на Рома. Затоа повеќето деца кои доаѓаат во младинската школа на „Џалоросите“ по примерот на својот идол сакале да играат на позицијата дефанзивец од средниот ред. 33-годишниот Де Роси има тетоважа на ногата која ја доловува неговата игра.

Зошто Порто и Бенфика најмногу купуваат од Јужна Америка

Културолошката и јазична блискост, како и идентичната клима им овозможува на Јужноамериканците во Португалија да имаат совршен почеток на европската одисеја. Од друга страна, португалските гиганти ги купуваат евтино а ги продаваат многу скапо и сите задоволни.

Најштосниот тениски поен

Заборавете на Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј. Најфраерскиот ас во тенисот е на еден меч во двојки.

Систина не го издржа високиот напон на МЕПСО

ЈСП, Гранит и МЕПСО триумфираа на првиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Тежок живот хотелски за Мурињо

Откако успешно ја одвлече јавноста и медиумите да зборуваат за „неадекватната“ прослава на головите на тренерот на Челси Антонио Конте наместо да зборуваат за дебаклот на Јунајтед, Мурињо сега се жали и на тешкиот живот во Манчестер.

Специјален поздрав од Ливерпул до баба Марица во Белград

Марица Пантелиќ полни 92 години и таа важи за една од најстарите, а можеби и најстара навивачка на Црвена Звезда. Внук и е 20 годишниот Марко Грујиќ кој летово од Ѕвезда направи трансфер во Ливерпул. Тоа што како млад стана дел од елитната Премиер лига не значи дека ќе ја заборава баба му.

Каде се изгуби најскапиот фудбалер во светот?

Кога некој клуб ќе се реши да извади од џеб или од спонзорите сеедно, 105 милиони евра, а него го има секаде на терен (читај никаде), тогаш сосема нормално е англискиот печат да го стави на тапет, особено по поразот од Челси од 4:0 кој се смета за срамен.

Ѓуровски остана без титула поради смртта на кралот на Тајланд

Фудбалското првенство на Тајланд заврши порано од предвиденото, шампионот го крунисале пет кола пред крајот а две екипи испаднале иако имале шанса да опстанат во првата лига.

Кога топката ќе застане во кал на гол линија

На дуелот меѓу ФАП и Златибор во српската трета лига, топката по шутот на гостинскиот фудбалер Божовиќ оди во празниот гол и Златиборците почнуваат со радување.

Спиеш ли мирно Џиџи Буфон?

Милан славеше на големото дерби против Јуве со 1:0. Донарума (17 години) не прими гол, за разлика од Буфон (38), но се вртат муабети дека не ја видел топката од живиот ѕид.

Хорор тепачка во романска 4-та лига

На мечот меѓу АС Баиле Оланести и Фореста Малаја (4-2) во романската четврта лига настана општа тепачка во која не се знае кој кого удира.

Малер на колото за 1,7 милиони денари

Се ќе беше поубаво во животот за Славе ако Атлетико Мадрид минатиот вторник му дадеше уште еден гол на Ростов. Дечкото ќе добиеше 28.000 евра, а насловов ќе беше поинаков.

Како златната генерација на Југославија направи сензација во Чиле

На секој 25 октомври Бобан, Шукер, Јарни, Просинечки, Штимац, Мијатовиќ и останатите деца на Мирко Јозиќ треба да се собираат во кафана и да почнат со муабетот „Сечате ли се шта смо урадили“. ФИФА на својот веб сајт денеска им посвети простор по повод 29 години од освојувањето на златниот пехар.

Германскиот клуб кој ги нервира своите навивачи

Управата на Херта Берлин забрзано работи на модернизација на клубот. Со цел да привлече нови гледачи носат розева и портокалова опрема, користат англиски јазик за слоганите и стануваат полигон за трендсетери што им смета на конзервативните ултраси.

Гиф на колото

Јасно е дека кога ќе ти загуби тимот во судиско продолжение треба да се исконтролираш и да не ја фрлиш флашата во играчите, ама па никој не пукаше со сачмарка на мечот Валенсија - Барселона 2:3.

Аеропланино: Летот во Милано кој се чекаше четири години

Винченцо Монтела не најави ништо бидејќи дојде во период кога управата во преодниот рок не беше во можност да обезбеди ниту милион евра за засилувања. Сепак тој не кукаше, го консолидираше актуелниот играчи кадар, вметна уште неколку млади играчи и излезе на бојно поле.

Кузњецова си ја ишиша косата на сред меч

Руската тенисерка Светлана Кузњецова очигледно требаше да го ишиша целото репче за да направи пресврт против Ањешка Радванска во финалето на турнирот во Сингапур. Без никаков страв, Кузњецова извади ножици од торбицата и се фати на работа.

Бени Хил акција во Англиска 4-та дивизија

На мечот Кроули - Акрингтон во англиската четврта дивизија гостинскиот голман Елиот Периш ја потроши целата среќа што ќе му треба сезонава.

Хамес со ефе за голема радост на тренинг

Колумбискиот репрезентативец направи маестрален потег на тренингот на Реал Мадрид во понеделникот и се надева дека Зидан го видел.

Чкембари се огласија по полициската бруталност во Кочани

По одиграниот дуел меѓу Брегалница и Пелистер во Кочани кој заврши 0-0, навивачите на Пелистер биле брутално претепани од полицијата која соопшти дека најпрво физички бил нападнат нивен колега. Нереди имало пред, за време и по одиграниот меч.

Како треба да изгледа едно дерби?

Во неделата во аргентинската лига се одигра градското дерби меѓу Росарио Централ и Њуелс Олд Бојс. Навивачите направија спектакл за кој живеат цела година.

На 18 години да му дадеш еврогол на најдобриот во свет

Мануел Локатели има 18 години. За првиот тим на Милан одигра 2 средби и постигна 2 гола (првиот со Сасуоло) од кои еден страшен, на дербито против Јувентус. Токму неговиот гол му ја донесе победата на Росонерите кои сега се втори со само два бода зад Јувентус.

Ултрас движењето живее во Италија

По завршување на мечот Рома - Палермо (4-1) во неделата, навивачите на двата клуба преку високиот плексиглас си ги разменија шаловите, како во старите добри времиња на италијанскиот фудбал.

Хрватите не виделе почуден пенал

Викендов на мечот од втората хрватска лига меѓу Дугопоље и Сесвете се случи чуден момент. Главниот судија Тино Кречак не призна гол на гостите од пенал при резултат 2-1 за домаќините. Анте Аралица го шутираше пеналот и топката излезе од голот. Судијата не го призна голот а играчите на Сесвете веднаш му скокнаа. Мечот на крај заврши 2-2, гостите израмнија во 95. минута од мечот. Веќе во 96-та минута имале шанса за 2-3 ама погодиле пречка.