Во отворен фудбал Трансмет подобар од Окта

Во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа екипите на ЈСП, Адмирал и Трансмет.

ЈСП сигурен во дуелот со Сава Осигурување
ЈСП7-3(4-1)Сава Осигурување
ЈСП:
Сабит Хусеини 7’ Дејан Блажевски 7’ 26’ Марјан Србиновски 8’ 27’ Љупчо Павловиќ 11’ Далибор Миленковски 24’
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 10’ Мирче Маринковиќ 28’ 32’

Во првото полувреме екипата на ЈСП во дуелот со Сава Осигурување влезе мошне мотивирано и уште на самиот старт наметна висок ритам во одбраната што му овозможи преку контра-напади да дојде до поволен резултат од 4-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување се обиде да се врати во натпреварот намалувајќи го водството кое го стекна ЈСП во првото полувреме, но екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и не дозволи целосен пресврт па на крајот го доби овој натпревар со 7-3.

Адмирал со пресврт во второто полувреме до победа над Раде Кончар
Адмирал 3-1(0-1) Раде Кончар
Адмирал: Ненад Лазаревски30’ Спасе Новковски 34’ Јован Качевски 38’
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 19’

Екипите на Адмирал и Раде Кончар уште на самиот старт влегоа доста мотивирано со желба за победа во овој натпревар. И на двете страни се играше доста цврста одбрана поради што тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Пред самиот крај на полувремето екипата на Раде Кончар преку Трпчевски успеа да постигне гол со кој го доби ова полувреме 0-1. Во второто полувреме екипата на Адмирал играше со поголема концентрација во делот на нападот по што отворените шанси успеа да ги претвори во гол. Кај Раде Кончар имаше видилив пад на концентрација што Адмирал вешто го искористи правејќи целосен пресврт за победа од 3-1.

Во отворен фудбал Трансмет подобар од Окта
Трансмет 7-4(3-1) Окта
Трансмет:
Амер Скендеровиќ 12’ Бобан Велјановски 14’ 17’ 23’ Душан Николоски 21’ 39’ Един Скендеровиќ 28’
Окта :Александар Јовчевски 12’ 28’ 40’ Шеќо Личина 30’

Екипата на Окта одлично го отвори натпреварот со Трансмет во кој влезе со стратешки повлечена одбрана која Трансмет не можеше да ја пробие. Преку контра напад во 12та минута Јовчевски и донесе предност на екипата на Окта од 0-1. Трансмет во своите редови го внесе Скендеровиќ како голман-играч што се покажа како вистинско решение бидејќи успеваше да направи играч плус во нападот преку кој доаѓаше до отворени шанси за гол кои ги реализираше па на полувремето Трансмет отиде со предност од 2-1. Во второто полувреме и двете екипи заиграа поотворен фудбал по што беше евидентна дибрата реализација во делот на нападот. Екипата на Трансмет успеа да ја задржи стекнатата предност од првото полувреме, додека пак Окта не можеше да фати резултатски приклучок па го загуби овој натпревар со 7-4.

22 февруари 2017 - 09:56