Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
Работите не одат секогаш според планираното, се вели во описот на ова видео кое покажува дека Американците имале еден куп интересни работи за издвојување од фудбалот во 2016-та.
Тоа што на 20 години ти се паднало да растеш покрај Толдо, Занети, Кордоба, Станковиќ и Виери, не е гаранција дека ќе успееш. Еден ден може да бидеш третолигаш, а друг ден да се гордееш што си му одбранил пенал на Милан.
Ако ве прашаат на некој квиз кои екипи ги освојуваат меѓународните трофеи во последните 3 години, лесно ќе запаметите. Се работи за три од иста земја кои тронот не го даваат за жива глава.
Октавиус Елис има 23 години и игра центар за црногорскиот АБА-лигаш Морнар од Бар. Иако неговиот тим жустро се бори за опстанок во лигата со нашиот Карпош Соколи, Елис од натпревар во натпревар ги витка обрачите.
Бидете присутни на промоцијата на Mix tape-от во Buzz shop, слушнете го миксот на DJ Гоце, добијте подарок CD, дружете се, забавувајте се и споделете ги Вашите мислења за омилените патики.
Најмалиот од браќата Превц, Домен Превц како лидер во Светскиот Куп ги пречекува „Четирите скокалници“ кои започнуваат утре напладне. Петер во моментов е 14-ти и скока во послаба форма од лани.
Сите потези се за сеир, ама дека некој друг ќе успее да си даде автогол како тој на крајот од видеото, тоа не веруваме. Дечкото е за на вечна листа на автоголови.
Лино Червар маста им ја вади на ракометарите во Маврово каде работат под полна пареа на формата и кондицијата за Светското првенство кое стартува на 11 јануари. Некои денови се тренира и по три пати на ден, а играчите на вчерашниот тренинг носеа и панцири. Со ваков пристап и залагање очекуваме добро издание во Франција.
Сè уште неафирмиран, но екстра талентиран и надежен, младиот голгетер на Вардар, Дарко Панчев веќе е баран играч и меѓу големите екипи и меѓу новинарите. Еден од нив го интервјуира во неговиот стан во Кисела Вода, пред да го потпише првиот професионален договор.
Еден од најдобрите другари на Азар од деновите во францускиот Лил, Рио Мавуба за француски тв канал раскажал една необична епизода од кариерата на Белгиецот во Лига 1.
Англиските клубови цела недела играат беспоштеден празничен фудбал. Саутемптон на пример одигра 3 меча за 117 часа (Челси имаше среќа па одигра 3 меча за 223 часа). Boxing Day е вистинско уживање за гледачите ширум светот, но дали и за играчите?
Челси влезе во импресивна серија од 12 победи по ред во Премиер лигата, што е нивен личен рекорд и сето тоа оди како подмачкано благодарение на одлично завршените задачи кои италијанскиот стратег им ги дава на своите незаменливи јунаци.
Иако има само 22 години, турскиот репрезентативец Хакан Чаланоглу кој игра за Баер Леверкузен, веќе има зад себе доста солидно портфолио со мајстории од слободен удар во Бундеслигата. Голот на прва позиција е за неверување.
Суспензијата од три кола за главниот играч на Лестер го разлути газдата на клубот кој со поддршка на целата публика и самиот играч реши да протестира на Боксинг деј на интересен начин.
Тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ тотално полуде на еден тајм-аут пред крајот од мечот против Карпош Соколи во АБА лигата па им порача на играчите што ги чека утре сабајле на тренинг.
„Не сме свесни што ни се случува. До вчера си играше со топка во соба два на два, а сега стигна да гази во Барселона“, вели Јусуф, таткото на нашиот голем фудбалски талент кој на само 7 години ја почувствува магијата на Ла Масија.
Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...
Во 63-та или немало алкохол или пак се пиело повеќе за Божиќ па голманите во Премиер лига биле ќорави за време на традиционалниот празничен фудбалски ден. 66 гола на 10 меча.