30 загинати навивачи на Јунајтед во Нигерија

Синоќа додека нивниот омилен клуб Манчестер играше против Андерлехт во Лига Европа, над нигериски навивачи на Јунајтед страдале откако врз нив паднал електричен кабел со висок напон.

Трагедијата се случила во градот Кабалар во државата Крос Ривер во јужна Нигерија на местото каде биле собрани фановите на Манчестер кој го гледале преносот во живо. Се уште не е утврден точниот број на трагично настрадани, но информациите говорат за најмалку 30 загинати на лице место.

Според нигерискиот Channels TV, струјниот кабел паднал во центарот на градот врз насобраната маса. Еден од преживеаните раскажал дека на падот на струјниот кабел му претходела експлозија на блискиот трансформатор во Нијакасанг Атимбо населбата во Калабар.

„Кога се вратив назад на местото каде што се вршеше преносот, видов кабел кој ги соборил присутните гледачи. Ужасна глетка беше. Камо среќа да не дојдев да гледам, имам дома сателитска но сите уживаме кога гледаме заедно во центарот. Можев да загинам. Не можам да поверувам дека луѓето пред пет минути пееја и се смееа а наеднаш се заврши трагично“, рекол очевидецот.

 

21 април 2017 - 13:26