По пауза од околу 40 години Меси стана првиот фудбалер во светот кој стигна до бројка од 500 гола во кариерата постигнати само за еден клуб. Послатко не можеше да биде бидејќи овој огромен јубилеј го заокружи на Ел Класико и тоа на гости со два гола од кои вториот беше за победа во последните секунди од мечот.
Со овој подвиг Меси влезе во друштво на седуммина фудбалери кои стигнале до миниум 500 во кариерата за еден ист клуб, а последен беше Герд Милер. За Кристијано Роналдо има уште работа, има 395 погодоци за Реал.
Меси сезонава има постигнато 47 гола на 46 средби на сите натпреварувања. Најмногу од головите ги реализирал во Ла Лига, на домашен терен, со лева нога, во шеснаесетник, во последните 15 минути од средбите. Рекорд му е 73 за една сезона.
Најдобар стрелец е и во Ла Лига и на Ел Класико
А најмногу асистенции добил од Дани Алвеш
Моменти од Ел Класико само со него