
Лугано има тешко гостување против Јанг Бојс кој е второпласиран на табелата во Швајцарија, но нашиот репрезентативец уште на стартот од мечот ја демонтрираше голгетерската форма.
Фудбалерите на Лугано во 6 минута од средбата изработија една одлична акција во која учестуваше и Алиоски кој ја заврши со погодок во мрежата на домаќините.
За македонскиот репрезентативец ова е гол број 15 сезонава и е на само 3 гола зад лидерот на табелата Оарау со 18 погодоци кој е инаку член на Јанг Бојс.
Алиоски минатото коло даде одличен гол против Тун за триумф од 2:1, а претходно постигна хет-трик за само 8 минути против Сион.