Илија Настасе - Најголемиот цреп во светскиот тенис

Романецот Илија Настасе, на времето еден од најдобрите светски тенисери, сите трофеи и успеси ги фрла во вода со идиотско, расистичко, сексистичко и скандалозно однесување.

Настасе, кој има 70 години денес е капитен (селектор) на женската репрезентација на Романија која игра во Купот на Федерации познат како ФЕД Куп. Романките изминатиов викенд играа против Велика Британија, а натпреварите ги одбележаа дебилни однесувања на Настасе кој и во минатото знаеше да ја запрепасти јавноста.

На крајот на март, поранешниот светски рекет број еден дал свој коментар по повод допинг во спортот и демонстрирал „експертиза“: „Допингот му нанесе штета на спортскиот имиџ на Русија, но никој не зборува за Серена Вилијамс. Сте ја виделе ли како изгледа?“

За слична изјава екс-министерот за спорт на Франција Розелин Башело мораше да се соочи со Рафаел Надал на суд.

Минатата недела Романецот, никако не предизвикан, продолжи да зборува за Серена. На прес-конференцијата пред мечот од ФЕД Купот меѓу Романија и Велика Британија, Симона Халеп одговарала на прашање за бременоста на Серена, а Настасе прокоментирал: „Да видиме каква боја ќе биде детето. Млечна чоколада?“

Романската тенисерка за овие зборови изјавила дека биле шега и дека Илија е „шегобиец“ и на неговите коментари не треба да се гледа како навредливи. Ваквиот „хумор„ многумина го разбираат како расистички и непристоен.

Покрај расизам, Настасе по мечот со В. Британија го обвиниле за сексизам. За време на престојот на Британките во Романија, Илија сериозно и се додворувал на капитенката (селектор) на Британија Ен Кетавонг (која е бремена во втор месец и чека второ дете).

Кетавонг откри дека Настасе ѝ пратил букет цвеќе во собата:

Се започнало во четврток на гала-вечерата после ждрепката на паровите. Настасе, кој секогаш се фалел дека спиел со повеќе од 100 жени за време на фотографирањето ја прашал селекторката на В. Британија во која соба престојува. Кога селекциите одново се сретнале следниотден, Илија и рекол на Кетавонг: „Пак се привлековме еден со друг“.

Како овие скандали да не му беа доволни, па во саботата се закачна и со британската дописничка Елеанор Кру која што пишувала за неговиот расизам кон Серена Вилијамс. Пред почетокот на првиот меч тој дошол во прес-центарот каде била Крукс со неколку романски ноовинари и ја прашал: „Зошто напиша такво нешто? Ти си мрдната. Мрдната си“. Британскиот Guardian пишува дека сцената траела добри две-три минути.

По зборовите на Крукс, Настасе урлал и ја прашувал што имало расистичко во неговите изговорени зборови. „Му објаснив дека само го пренесовме тоа што го кажа и дека непријатно било да зборува за бојата на кожата. Почна да вика дека Англичаните му сковале заговоор а потоа ме нарече будала“.

Но сето тоа било само „подготовка“ за тоа што следува. За време на вториот меч со Британките во кој Сорана Кирстеа играше со Јоана Конта (Британката која е 7-ма тенисерка на АТП ранг листатаа водеше 2:6 и 1:2) судијата побарал од романските навивачи да се стишат и да ги уважат тенисерките на теренот а во еден момент Конта исплашена од навредите го напушти теренот.

Настасе веднаш се распали и го нарекол судијата кретен, а Конта и Кетавонг ги нарекол курви. Целата ситуација потраела неколку минути а трибините скандирале: Илија Илија!

Мечот продолжил, а Конта се вратила на теренот расплакана од силните навреди на романскиот селектор. До крајот Кирстеа не добила ниту еден гем и Британката победила со насолзени очи: „Верувајте дека никогаш во животот не сум слушнала такви грозни навреди. Се потресов што ми кажуваше“, изјавила Конта.

Јоана Конта (7) била запрепастена од навредите на Настасе

ITF, Светската тениска федерација го отстранила Настасе од теренот, а надвор тој одново налетал на новинарката Елеанор Крус и сакал да ја нападне физички, но обеззбедувањето реагирало и го спречило.

 

На крајот од целиот циркус, Романките славеа по неделните триумфи на Симона Халеп над Конта 6-1, 6-3 и Ирина-Камелија Бегу над Вотсон 6-4, 7-5. Поразот значи дека Романија ќе оди на Белгија во следната рунда, а Велика Британија ниту после 25 години нема да влезе во елитата. Настасе изјавил за Дејли Мејл: „Ме заболе ако ме суспендираат и ме остранат од теренот. Јас ова го работам без пари, ако сакаат нека ме стават во затвор“.

Џабе сите титули и први места кога не знае да се однесува