Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Навивачка љубов посилна од терористички закани

Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.

Сите 40 хет-трика на Кристијано за Реал

Португалецот е член на Реал Мадрид од 2009-та година, а од тогаш до денес за „кралскиот клуб“ постигна неверојатни 270 гола меѓу кои и учинок од 40 хет-трика.

Алексис Санчез не знае кој е Гундоган од Сити

Пред големото дерби Сити - Арсенал минатиот викенд, Пеп Гвардиола им дозволил на играчите да излезат  на теренот во дресови со бројот 8 во чест на тешко повредениот Илкај Гундоган кој ќе паузира неколку месеци. Кога во тунелот се сретнаа Алексис Санчез и голманот на Сити Клаудио Браво, Чилеанецот го прашува Мексиканецот: „Гундоган? Некој од младинците“?

Што значи да бидеш прв во Премиер лига за Божиќ

За Арсенал на пример тоа не значи ништо, но за Челси е супер бидејќи секогаш кога бил лидер на табелата во Премиер лигата за божиќниците празници, на крај ја освојувал титулата.

Бака држеше страшна влечка во Доха

Фудбалерите на Милан се редеа на подиумот за да ги примат медалите и пехарот од италијанскиот Супер Куп освоен против Јуве на пенали, а најприкладно облечен пред шеикот на Катар и претседателот на италијанската лига беше Карлос Бака кој мислеше дека се наоѓа во камп Ливадишта.

Како изгледа ФИФА 2017 во реалност

Би рекле, не се далеку од вистината...

Играј фудбал, биди јувентино

Иако не се сложуваме со сè што е напишано бидејќи е некако многу лично, сепак ќе ви пренесеме од збор до збор. Серија А се разбира дека не е само Јуве, но тоа е клуб кој е поим за апсолутна доминација. Со триумфот против Рома станаа рекордери во последните 11 сезони по број на бодови и тоа ги немаше една сезона во прва лига.

Најголемиот силеџија се врати во Премиер

По неуспешната екскурзија во Глазгов Ренџерс каде се скара со секој жив и го фатија дека играл кладилница, Џои Бартон се врати во Барнли, тимот кој лани по негова заслуга влезе во Премиер лигата.

Екипа со ултраси од која сите бегаат да ѝ гостуваат

Познато е дека во македонски фудбал во втора, трета па се до најниските лиги обично победува домаќинот, бидејќи во спротивно ќе падне ќотек. Слична таква приказна ни доаѓа од Португалија каде клуб со агресивни фаули сее страв и противниците ги откажуваат дуелите.

Судијка асистираше за гол, брат му на Крос вриштеше

Женскиот судија Бибиана Штајнхаус веќе долго суди во германскиот фудбал, а јавноста ја запозна уште во 2010-та кога фудбалерот на Херта, Петер Нимаер случајно ја фати за гради а сега со неа се случи нов момент.

До кога ќе паузираат најдобрите 5 првенства

Завесата се спушти во Италија, Шпанија, Германија и Франција, а Англичаните традиционално ќе играат на денот после католички Божиќ (Boxing Day) и на 1-ви јануари.

Убавина од голови во Фиренца

Кога ќе кажете италијанското е тапа, не мора баш со толку тешки квалификации. Можеби квалитетот е паднат за разлика од порано, но Серија А си има смој шмек. Италијанското не е само Јувентус, Милан или Интер, туку има и други екипи кои играат убав и отворен фудбал. Синоќа Фиорентина - Наполи 3:3 со 3 убави голови за издвојување.

Би го победиле ли Френк Лампард на пикадо?

Во рамки на Светскиот куп во пикадо во Лондон се играше и ревијален дуел меѓу познатите личности. Френк Лампард го претставија како „Магичниот“, а тој не го оправда прекарот на пикадо.

Проблематичниот Супер Куп кој се игра на ниви

Стадиони полни со дупки, тревата изретчена, времето претопло, аматерски тв преноси. Откако Италијанците го преместија првиот трофеј од сезоната во странство, главаат си удираат од ѕид поради проблеми.

Блекбурн ли е, Барса ли е?

Ако некој во Каталонија остана без идеја како понатаму со тики-така играта, еве му инспирација од англискиот второлигаш.

Место во историјата за дискретниот херој Герет Бери

На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.

Како Македонија низ историјата се движеше на ранг листата на ФИФА

Во 1994-та почнавме како 90-ти, 2016-та ја завршуваме 162-ри. Оваа година не може во никој случај да се смета за успешна фудбалска година бидејќи го победивме само Азербејџан.

Животната форма на 35-годишниот Диего Лопез

Во новата сезона Еспањол влезе со големи очекувања. Сопственик стана амбициозен Кинез, во екипата дојдоа познати играчи а главен тренер беше поставен Кике Санчез Флорес. Творец на триумфалниот марш на „папагалите“ од Барселона е ветеранот Диего Лопез.

Дедо Мраз како лево крило во Баерн

Во недостиг на идеи што со топката, Тијаго Алкантара во една од акциите на синоќешниот дуел против Лајпциг.

Значењето на Видиќ во еден гиф

Во Манчестер Јунајтед нема повеќе вакви момци кои ставаат трн во здрава нога само за да го спасат голот.

Остануваме 162-ри

Македонската фудбалска репрезентација не се помести ниту едно место на најновата ранг листа на ФИФА и 2016-та ја завршува со најлошиот остварен пласман во историјата.