Иако според звучноста на клубот, играчите и тренерот веројатно повеќето Македонци го посакуваат Манчестер Јунајтед на 8 август во Скопје, сепак и да ја освојат Лигата на Европа, нивната ѕвезда број 1 тешко дека ќе биде во комбинација за настап. Првичните информации се дека Златан Ибрахимовиќ синоќа против Андерлехт скинал лигаменти, а тоа значи пауза до есен. Тоа е огромен проблем за Мурињо до крајот на сезоната со оглед на тоа што е прв стрелец со 28 гола на сите натпреварувања.