Кој ги користи судиите од кабина за да се спречи неправедно судење

Дуелот меѓу Реал и Баерн е само уште еден нов повод за лавина на реакции во јавноста која се прашува зошто волку се греши и зошто во целост не се користат сите можни технологии кои би го спречиле хаос како оној во ЛШ. Проблемот е што самата УЕФА тера инат на новата технологија.

Новата технологија VAR (Video Assistant Referee) или користењето на забавената снимка за која еден водител во Италија се бори од 80-те одново е топ тема. Се работи за револуционерно правило во фудбалот кое го воведе првиот човек на ФИФА Џани Инфантино минатата година.

По грабежот на Баерн Минхен во ЛШ, Карло Анчелоти кој вели дека од никогаш не бил кандидат за воведување на технологии сега го менува ставот, а воведување на ВАР побара и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито за финалето од Купот на Италија против Јувентус.

Како функционира? Многу едноставно.

1. Главниот судија ги информира судиите во кабината или судиите од кабината го информираат главниот судија дека треба да се прегледа одредена акција.

2. Откако ќе ја прегледаат акцијата, судиите од кабина му кажуваат на главниот судија тоа што го гледаат на забавената снимка.

3. Главниот судија го слуша тоа и носи одлука.

4. Пред да ја донесе конечната одлука тој ако сака може сам да ја види забавената снимка на монитор кој се наоѓа веднаш до аут линијата.

По воведувањето на гол технологијата која во многу првенства експресно ги решава дилемите дали топката ја минала или не гол линијата, сега на потег се овие нови “видео – судии“ кои веројатно нема да служат како фикуси и само ќе помогнат да гледаме регуларен фудбал.

Тие интервенираат во случај на спорен гол, офсајд, пенал и остар прекршок.

Како тоа изгледа во пракса веќе видовме на минатото Светско клупско првенство. Најсилните лиги во Европа веќе немаат дилеми за воведување, а тие што ја кочат работата се првите луѓе во УЕФА.

Претседателот Александар Чеферин изјави дека за сега на ВАР гледа како на експеримент од кој ќе чекаат да ги видат резултатите па ќе одлучат дали да го користат. Но УЕФА веќе доцни, бидејќи резултатите без неа во судењето се очајно лоши. Реал е полуфиналист во ЛШ со два гола од офсајд.

Ситуацијата на светската фудбалска мапа со ВАР технологијата изгледа вака:

ФИФА

- Ја тестираа на Светското клупско првенство 2016.

- Ќе ја користат на Светското клупско првенство 2017.

- Планираат да ја користат и на СП 2018 во Русија.

УЕФА

- Сè уште се мислат дали да ја воведат и чекаат да видат какви ќе бидат резултатите.

ГЕРМАНИЈА

- Ќе ја воведат во Бундеслига следна сезона.

ИТАЛИЈА

- Ќе ја воведат во Серија А следна сезона.

АНГЛИЈА

- Ја тестираа.

- Ќе ја воведат следна сезона во ФА Куп од 3. Коло.

- Веројатно ќе ја воведат следна сезона и во Лига Купот од прво коло.

ШПАНИЈА

- Ќе ја тестираат следна сезона и веројатно ќе ја воведат во сезоната 2018/2019.

ФРАНЦИЈА

- Ја тестираа оваа сезона во Лига 1.

ПОРТУГАЛИЈА

- Ќе ја воведат во финалето на националниот Куп, а федерацијата има желба да ја воведе на сите натпреварувања.

БЕЛГИЈА

- Ќе ја тестираат следната сезона на првите 48 меча од прва лига.

ХОЛАНДИЈА

- Ќе ја користат следна сезона во прва лига.

КОНКАКАФ (ЈУЖНА АМЕРИКА)

- Ќе почнат да ја користат од четвртфиналето во Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.

АФЦ (АЗИЈА)

- Ги обучуваат судиите за да ја користат.

КОНКАКАФ (СЕВЕРНА И СРЕДНА АМЕРИКА)

- Сè уште нема информации.

КАФ (АФРИКА)

- Сè уште нема информации.

20 април 2017 - 16:17