Не е прашањето кого посакува Јуве, туку кој го посакува Јуве

Тим кој не и даде да писне на Барселона во 180 минути и ја елиминираше без примен гол веројатно е кошмар за секого во полуфиналето од ЛШ. Според квалитетот на екипите Реал – Јуве би било финале пред финалето.

Колку е гладна Старата дама за пехар во најелитното клупско натпреварување доволен е следниов податок: Имаат одиграно вкупно 8 финалиња од кои 6 пати си заминале со наведнати глави.

Во 1973-та загубија од Ајакс 1:0, во 1983-та од Хамбург со идентичен резултат, во 1997-та 3:1 од Борусија Дортмунд, во 1998-ма 1:0 од Реал Мадрид, во 2003-та на пенали од Милан и во 2015-та 3:1 од Барселона.

Првото славје во нивната историја се случи во 1985-та кога со голот на Платини од пенал го победија Ливерпул, а потоа во 1996-та на пенали беа подобри од Ајакс. Според традицијата и квалитетот на екипите Јувентус во полуфинале најмногу би се изнамачил против Реал Мадрид.

ПРАВИЛА ЗА ЖДРЕПКАТА

На извлекувањето на ждребот во Нион практично нема да има правила бидејќи може да се падне секој со секого. Првите екипи од шеширот ќе бидат домаќини на првите полуфиналиња на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај.

РЕАЛ МАДРИД (Бранител на титулата)

Ова е седмо рекордно полуфинале во низа за Кралевите. Вториот голем предизвик е во рацете на Зинедин Зидан, а тоа е да се освои ЛШ две години по ред, што не му успеало на никој до сега. Реал стигна до полуфинале откако заврши втор во групата Ф после Борусија Дортмунд, а во нокаут фаза ги елиминираше Наполи и Баерн Минхен.

За сега се без ниту еден пораз со 7 победи и 3 нерешени и скор од 28 дадени и 10 примени гола. Со Јувентус имаат 18 одиграни средби од кои 8 победи и 2 нерешени. Во 1998-ма играа финале против Јуве и го освоија, а но потоа се соочија со 4 елиминации од Бјанконерите.

АТЛЕТИКО МАДРИД

Ова е шесто полуфинале во историјата на Атлетико, трето во последниве четири сезони. Во групата Д завршија први, а потоа во нокаут фаза ги елиминираа Баер Леверкузен и Лестер. Јувентус со нив има 4 победи, едно реми и еден пораз. Последниот меѓусебен дуел им беше во групната фаза пред две години. На Калдерон беше 1:0 за Атлетико, а реваншот заврши без голови.

МОНАКО

На карта се најслаби, ама во оваа фаза не е добро да се потцени било кој тим. Во групната фаза ги ставија во втор план Тотенхем и Баер Леверкузен, а потоа во нокаут фаза експлодираа против Сити и Дортмунд. Јуве со нив има 2 победи, едно и реми и еден пораз. Во нокаут фазата ги поминаа два пати од два обиди. Еднаш во полуфиналето 1998-ма и еднаш во четвртфинале 1995-та.

21 април 2017 - 10:47