
Нејмар го напушти синоќешниот четвртфинален натпревар во солзи откако неговиот тим не беше моќен да му се спротивстави на силниот Јувентус кој допатува на Камп Ноу со предност од 3:0.
Каталонците не личеа на себе и од немоќ 13 од вкупно 14 удари им завршија надвор од рамките на голот. Покрај овој ужасно лош статистички податок има уште еден кој не е типичен за било кој играч на Барселона.
Тоа е Нејмар кој загуби 46 топки во рок од 90 минути, рекорд на еден играч оваа сезона во Лигата на шампионите.
И што е уште полошо синоќешниот меч не е единствениот на кој му се појавува оваа аномалија во играта, туку сезонава во ЛШ на табелата на 5 најбројни загуби на топка тој е застапен три пати.
Нејмар со ова го сруши неславниот рекорд на Хулк кој за Зенит во 2014-та имаше загубено 41 топка.