До вчера изгледаа дека не сакаат очи да си видат, ама ги закопаа секирите и сега се најдобри другари. Убава беше сцената која ја приредија Кјелини и Суарез по завршувањето на синоќешниот натпревар од ЛШ. Напаѓачот на Уругвај доби прекар канибал и беше суспендиран 4 месеци откако го гризна на СП Бразил. Но Кјелини му прости за потегот и се смирија со размена на дресовите.